Симеон ІІ

бугарски владетел и политичар
(Пренасочено од Симеон Сакскобурготски)

Симеон ІІ (Симеон Сакскобургготски) — бугарски политичар и цар на Бугарија од 1943 година.

Симеон Сакскобургготски
Цар на Бугарија
На престол28 август 1943 – 15 септември 1946
ПретходникБорис III
НаследникВасил Коларов (в.д. претседател)
48ми Премиер на Бугарија
Мандат24 јули 2001 – 17 август 2005
ВицепремиерНиколај Василев
ПретходникИван Костов
НаследникСергеј Станишев
ПретседателПетар Стојанов
Георги Прванов
Роден(а)16 јуни 1937(1937-06-16)(87 г.)
Софија, Бугарија
СопружникМаргарита Гомес-Асебо и Сехуела (в. 1962)
ДецаКардам, Кнез Трновски
Кирил, Кнез Преславски
Кубрат, Кнез Панаѓурски
Константин-Асен, Кнез Видински
Кнегиња Калина Бугарска
ДинастијаСакс-Кобург и Гота
ТаткоЦар Борис III
МајкаПринцеза Јоана од Италија
Вероисповедправославен христијанин
ПотписСимеон Сакскобургготски's signature

Биографија

уреди
 
Принц Симеон како престолонаследник.

Роден е на 16 јуни 1937 во Софија како прв син и престолонаследник на Цар Борис III и царица Јоана. Престолот го наследува по смртта на татко му, но поради малолетноста во негово име управува регентскиот совет. Откако во 1946 г. монархиjата во Бугариjа е укината после референдум на комунистите, регентскиот совет е осуден на смрт, а царското семејство емигрира во Египет, кај дедото на Симеон - поранешниот италијански крал Виктор Емануел. Во 1951 г. Симеон заминува во Шпанија, каде живее до 2001 г. Женет е за шпанската благородничка Маргарита Гомес-Асебо и Сехуeла (ќерка на маркиз и далечна роднина на крал Хуан Карлос). Симеон има четири синови и една ќерка.

Во 2001 г. во Бугариjа го основа Националното движење "Симеон Втори" (НДСВ). НДСВ ги добива парламентарните избори во јуни 2001 г. и Симеон Сакскобургготски ја формира коалиционата влада на НДСВ и ДПС. Тој е премиер на Бугариjа до 16 август 2005 г.