Сива гулапка (латинск) Russula grisea (Batsch)) e габа од семејството Гулапка.

Сива гулапка

Опис на видот

уреди

Шапка

уреди

Во младоста е полутопчеста, потоа станува малку вдлабната и раширена, бојата и е променлива; на сенчести места речиси бела,со жолтеникави дамки и со црвеникав тон, но најчесто виолетовосива,сивомаслинеста,црникаво маслинеста или кафеава; тенка а работ е благо избразден.

Ливчиња

уреди

Густи, тенки, прираснати за стеблото, бели или белузлаво лимонести.

Дршка

уреди

Дршката е тврда, цилиндрична, висока од 5-8 см бела до виолетова или розово виолетова, во староста со жолтокафеави дамки.

Месо

уреди

Во младоста бело, изгризаните места се типично розовки до розово виолетови, без мирис, со благ вкус.

Споровиот прав е жолтеникав а спорите се тркалезни 6,5 x 5,5-6,5 микрони брадавиците споени.

Расте од лето до рана есен во групи под грмушки и покрај рабовите на листокапни дрвја, на планина, особено околу бука и бреза.

Јадливост

уреди

Јадлива. Една од најдобрите видови од својот род, иако не е многу позната.

Слични видови

уреди

Може да се помеша со:

Од латинскиот grisea = сив.

Вообичаени имиња

уреди
  • Сивка, Сива гулапка

Синоними и застарени биноми

уреди
  • Agaricus griseus Batsch
  • Agaricus griseus Pers., Synopsis Methodica Fungorum (Готинген) 1: 445 (1801)
  • Russula furcata var. pictipes Cooke, Handbook of British Fungi: 31 (1884)
  • Русула грисеа var. pictipes (Cooke) Romagn., Les Russules d'Europe et d'Afrique du Nord, Réimpression supplémentée. Со англиски превод на клучевите од RWG Денис (Вадуц): 294 (1967)
  • Russula grisea var. pictipes (Cooke) Romagn. ex Bon, Docums Mycol. 12 (бр. 46): 32 (1982)
  • Russula palumbina Quél., Assoc. Fr. Avancem. Sci. 11: 10 (1883)
  • Russula palumbina f. pictipes (Cooke) Сарнари, Средоземна микологија и вегетација 8 (1): 24 (1993)
  • Russula palumbina var. pictipes (Cooke) Bon, Docums Mycol. 13 (бр. 50): 27 (1983)

Други проекти

уреди