Семи Хебиби (албански: Semi Hebibi; Тетово) — поранешен член на ОНА.

Семи Хебиби
Semi Hebibi

Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Во текот на конфликтот во Македонија бил активно вклучен. На 22 јануари 2001 година, учествувал во нападот на полициската станица во Теарце, Тетовско, каде загинал полицаецот Момир Стојановски, а тројца биле повредени[1]. Само еден ден по нападот, ОНА со соопштение бр. 4 ја презела одговорноста за терористичкиот напад врз полициската станица. На 12 февруари во Тетово бил уапсен од страна на полицијата заедно со Ајет Хебиба, Бесим Реџељари, Ардит Емини и Сулејман Мустафа (министерски возач), но по кратко време биле ослободени. Потоа, со службен автомобил од УВР-Тетово, бил префрлен на граничниот премин Јажинце, кон Косово.

На 12 јули 2001 година бил уапсен во Берлин за кривично дело „нанесување повреди“. Неговата екстрадиција не била издадена од страна на тогашниот министер за правда Иџет Мемети. На 22 август, премиерот на Македонија доставил барање германските власти и германскиот канцелар за негово екстрадирање. По ова, македонските власти биле известени дека Хебиби најпрвин својата казна ќе ја изполни во Германија. На 18 јануари 2002 година, сепак бил донесен во Македонија[2]. На 11 март 2002 година бил амнестиран со решение на судот.

Наводи

уреди
  1. „13 години од нападот врз полициската станица во Теарце“. kanal5.com.mk. 22 јануари 2014. Посетено на 19.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. „Семи Хебиби денеска е екстрадиран од Германија“. time.mk/arhiva. 19.01.2002. Посетено на 19.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)