Секу Мара

француски фудбалер

Секу Мара (роден на 30 јули 2002 година, во Париз) — француски фудбалер, напаѓач на Саутхемптон и на француската репрезентација под 21 година.

Секу Мара
Лични податоци
Роден на 30 јули 2002(2002-07-30)(22 г.)
Роден во Париз, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 18
Младинска кариера
Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Булоњ-Биланкур Булоњ-Биланкур
Бордо Бордо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019-2020 Бордо 2 Бордо 2 14 (5)
2020-2022 Бордо Бордо 34 (7)
2022- Саутхемптон Саутхемптон 21 (1)
Репрезентација
2017 Франција Франција 16 2 (1)
2018-2019 Франција Франција 17 4 (0)
2021- Франција Франција 20 10 (6)
2021- Франција Франција 21 2 (0)
* Ажурирано на: 20 јуни 2014
** Ажурирано на: 1 септември 2014

Биографија

уреди

Секу е роден во Франција, како постариот од двата сина на Одри Креспо-Мара и Алиу Мара.[1] Тој, исто така, има и помлад брат по име Ламин.[1] Неговата мајка, Одри Креспо-Мара, е позната во Франција каде работи како новинарка и телевизиски водител,[2] додека неговиот татко Алиу Мара е сенегалец и по професија претприемач.[3] Родителите му се развеле во 2007 година.

Во моментов неговата мајка е во брак со нејзиниот телевизиски колега Тјери Ардисон од 2014 година.[4]

Технички карактеристики

уреди

Тој е централен напаѓач способен да напаѓа во длабочина.[5]

Клупска кариера

уреди

Почетоци и Бордо

уреди

Мара ја започнал својата фудбалска кариера во 2011 година, кога се приклучил на младинскиот сектор на Париз Сен Жермен каде останал три сезони пред да се пресели прво во Булоњ-Биланкур, а оттаму во Бордо во 2017 година.[6] На 17 август 2019 година, дебитирал за вториот тим на Бордо во националното првенство 2 (четвртото ниво на францускиот фудбал) постигнувајќи го погодокот за конечните 2-0 против Авирон Бајона.[7] На 30 јули 2020 година, го потпишал својот прв професионален договор со клубот со важност до 2023 година.[8]

Своето деби за првиот тим на Бордо го направил на 10 февруари 2021 година, во поразот со 2–0 од Тулуза во Купот на Франција.[9] Потоа, 17 дена подоцна дебитирал во француското првенство, во поразот на домашен терен од Мец (1-2), појавувајќи се во игра од клупата во 84-тата минута на местото на Реми Удан. Тој го постигнал својот прв професионален гол во победата од 1–0 над Рен во Лига 1 на 2 мај 2021 година. Со постигнувањето на овој гол, тој станал најмладиот играч кој постигнал првенствен гол за Бордо во последните 14 години.[10]

Саутхемптон

уреди

На 25 јули 2022 година, Мара се преселил во Саутхемптон, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот од јужниот брег на Англија.[11][12] Своето деби во Премиер лигата го направил на 13 август 2022, влегувајќи како замена на местото на Јан Беднарек во ремито 2-2 против Лидс Јунајтед. На 11 јануари 2023, Мара го постигнал својот прв гол за Светците во победата со 2-0 над Манчестер Сити во Лига купот.[13] На 8 април, против истиот противник Мара го постигнал својот прв гол во Премиер лигата, во поразот на домашен терен од 1-4.

Репрезентативна кариера

уреди

Мара е младински репрезентативец на Франција. Досега тој има настапувано за репрезентациите под 16 и под 17 години, како и за репрезентациите под 20 и под 21 година за кои сè уште настапува.[14]

Статистика

уреди

Статистика е ажурирана на 20 април 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2019-2020   Бордо 2 НПФ2 11 5 - - - - - - 11 5
2020-2021 НПФ2 3 0 - - - - - - 3 0
2020-2021   Бордо Л1 8 1 КФ 1 0 - - - - 9 1
2021-2022 Л1 26 6 КФ 1 0 - - - - 27 6
Вкупно Бордо 34 7 2 0 - - - - 36 7
2022-2023   Саутхемптон ПЛ 21 1 ФАКуп+ЛК 3+5 1+0 - - - - 29 2
Вкупно во кариерата 69 13 8 1 - - - - 77 14

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Audrey Crespo-Mara: Her son Sékou, the football star, the clubs are snapping him up!“. 18 јуни 2022. Архивирано од изворникот на 2023-04-09. Посетено на 2023-04-09. Занемарен непознатиот параметар |acccess-date= (help)
  2. Tournoux, Gilles; Bernard, Olivier (7 August 2020). „Football : le rêve devient réalité pour le fils d'Audrey Crespo-Mara“ [Football: the dream comes true for the son of Audrey Crespo-Mara]. Le Parisien. Посетено на 10 February 2021.
  3. „A la découverte de Sékou Mara, ce franco-sénégalais de 18 ans qui a signé pro au FC des Girondins de Bordeaux“ [To the discovery of Sékou Mara, this 18-year old French-Senegalese who signed pro with FC Girondins de Bordeaux]. wiwSport.com (француски). August 2020. Посетено на 10 February 2021.
  4. Patrice Gascoin (14 September 2011). „Audrey Crespo-Mara : "Ardisson, mon amour" : La journaliste de LCI vit une passion avec l'animateur de Canal+“. Le Figaro (француски).
  5. „A la découverte de Sékou Mara, ce franco-sénégalais de 18 ans qui a signé pro au FC des Girondins de Bordeaux“ (француски). 15 август 2020.
  6. „Bordeaux : bientôt le Graal pour Sekou Mara ?“ (француски). 1 мај 2020.
  7. „Bordeaux II vs. Bayonne 2-0“. 17 август 2019.
  8. „Sékou Mara, nouveau professionnel à Bordeaux“ (француски). 30 јули 2020.
  9. „Bordeaux vs Toulouse (0-2) - Coupe de France 2/10/21 UTC“. OneFootball (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-05-29. Посетено на 10 February 2021.
  10. Oludare, Shina (2 May 2021). „Sekou Mara makes history with Bordeaux strike against Rennes in Ligue 1“. Sporting News. Посетено на 2 May 2021.
  11. „Sékou Mara s'engage au Southampton FC“ (француски). Посетено на 2022-07-27.
  12. „Saints complete Mara signing“ (англиски). Посетено на 2022-07-27.
  13. McNulty, Phil (11 January 2023). „Southampton 2–0 Manchester City“. BBC Sport. Посетено на 12 January 2023.
  14. „Sékou Mara“. FFF (француски). Посетено на 10 February 2021.

Надворешни врски

уреди