Север I (Долно Оризари)
„Север I“
| |
Местоположба | 41°3′1″N 21°22′45″E / 41.05028° СГШ; 21.37917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долно Оризари |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
бакарно време | |
Портал „Археологија“ |
Север I — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Оризари.
Претставува населба од неолит и бакарно време. Тумбата Север I, се наоѓа меѓу селата Горно Оризари и Долно Оризари, но со оглед на карактерот на рекогносцирањето, таа се вбројува меѓу наоѓалиштата кои административно му припаѓаат на Долно Оризари. Населбата е сместена на околу 1,5 км од селото, во нивите кои им припаѓаат на жителите на Горно Оризари. Таа претставува благо издигната тумба, веројатно спуштена благодарение на земјоделските активности. На површината се забележува керамички материјал што му припаѓа на неолитот и бакарното време, а некои фрагменти сугерираат и фази од бронзено време. Тука треба да се нагласи дека голем дел од керамичкиот материјал е сличен со „Тумба Исток 2“ од Оптичари, и тоа особено значителното присуство на камчиња во печената глина. Засега, на ниту едно друго наоѓалиште рекогносцирано во Пелагонија не се пронајдени вакви обележја.[1].
Поврзано
уреди- Герамидница (Долно Оризари) —населба од бронзено и доцноантичко време;
- Св. Петка — црква од средниот век;
- Север I — населба од неолит и бакарно време;
- Север II — населба од неолит и бакарно време;
- Домус Поле I — населба од средниот век;
- Сакојци — населба od неолитско време;
- Долно Оризари
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уредиОваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |