Сакојци (Долно Оризари)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Сакојци“
| |
Местоположба | 41°3′1″N 21°22′45″E / 41.05028° СГШ; 21.37917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долно Оризари |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Сакојци — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Оризари.
Претставува населба од неолитско време . Ова наоѓалиште се наоѓа на 1,3 км источно од Долно Оризари и претставува мало издигнување што можеби некогаш било дел од тумба. И на него се вршат постојани земјоделски работи што веројатно придонело за неговата сегашна состојба. Ниската тумба е оштетена од патот што води кон Драгор, но и од меѓата со густа растителност на нејзината јужна страна. Од тие причини не можело да се определи нејзиниот точен облик, ниту пак да се измери нејзината зафатнина. На површината преовладува современа керамика, но во многу помала мера се забележуваат и одломки што можат да се одликуваат како антички и предисториски.[1]
Поврзано
уреди- Герамидница (Долно Оризари) — населба од бронзено и доцноантичко време;
- Св. Петка — црква од средниот век;
- Север I — населба од неолит и бакарно време;
- Север II — населба од неолит и бакарно време;
- Домус Поле I — населба од средниот век;
- Сакојци — населба од неолитско време;
- Долно Оризари
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уредиОваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |