Север II (Долно Оризари)
„Север II“
| |
Местоположба | 41°3′1″N 21°22′45″E / 41.05028° СГШ; 21.37917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долно Оризари |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | неолитско време |
бакарно време | |
Портал „Археологија“ |
Север II — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Оризари.
Претставува населба од неолитско и бакарно време. Ова наоѓалиште се наоѓа веднаш до „Тумба Север 1“, односно на 100 м источно од неа. Неговиот облик не може јасно да се утврди како на соседното наоѓалиште, па од тие причини било невозможно да се измери површината што ја зафаќа. Со оглед на тоа што имаат мошне сличен материјал, овие две тумби можеби му припаѓаат на едно наоѓалиште, иако се мошне јасно географски издвоени. Нивните облиц се оцртуваат и на сателитските карти, така што очигледно станува збор за две различни тумби. Мошне е веројатно едната од нив да се формирала од заедница која ја напуштила или се издвоила од првата тумба, или пак тие да функционирале како една населба со два центри.[1].
Поврзано
уреди- Герамидница (Долно Оризари) —населба од бронзено и доцноантичко време;
- Св. Петка — црква од средниот век;
- Север I — населба од неолит и бакарно време;
- Север II — населба од неолит и бакарно време;
- Домус Поле I — населба од средниот век;
- Сакојци — населба od неолитско време;
- Долно Оризари
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
уредиОваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |