Маркиски јазик
Маркиски јазик — полинезиски јазик или група дијалеки кои се зборуваат на Маркиските Острови во Француска Полинезија. Јазикот е поделен на две групи (јазици): северномаркиски јазик[1] и јужномаркиски јазик[2].
Маркиски јазик | |
---|---|
‘Eo Kenata (северномаркиски) ‘Eo ‘Enana (јужномаркиски) | |
Застапен во | Маркиски Острови, Тахити |
Говорници | ~11,000 |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | или: mrq — северномаркиски јазик mqm — јужномаркиски јазик |
| |
Северномаркиските говори се зборуваат на островите Уа Пу и Нуку Хива, а јужномаркиските се зборуваат на островите Хива Оа, Тахуата и Фату Хива. Дијалектите на Уа Хука се често погрешно класифицирани како северномаркиски, но тие се транзициони.
Фонологија
уредиЗначајна одлика на маркискиот јазик е тоа што има замена на /r/ или /l/ со /ʔ/ (грлен глас).
Маркиските согласки се:
- носни: /m/ /n/ /ŋ/
- струјни: /f/ /h/ /v/
- експлозивни: /p/ /t/ /k/ /ʔ/
- ликвидни: /r/
Согласката /ŋ/ се наоѓа во говорите во Нуку Хива, а /f/ се наоѓа само во јужномаркиските говори. При пишување, /ŋ/ се обележува со n(g), а /ʔ/ со ‘ или ’.
Самогласките се:
- /a/ /aː/
- /e/ /eː/
- /i/ /iː/
- /o/ /oː/
- /u/ /uː/
Споредба
уредиПримери за споредба на северномаркискиот со јужномаркискиот се:
север | југ | македонски |
---|---|---|
haka | fana | залив |
ha`e | fa`e | куќа |
koe | `oe | ти |
Ua Huka | Ua Huna | островот |
Наводи
уреди- ↑ Северномаркиски јазик на Ethnologue (англиски)
- ↑ Јужномаркиски јазик на Ethnologue (англиски)
Материјали
уреди- Much of this information was gleaned from reading the Bernice Pauahi Bishop Museum Bulletins regarding the Marquesas Islands.
- Gabriele H. Cablitz (2006). Marquesan: A Grammar of Space. Trends in Linguistics. Studies and Monographs 169. Mouton de Gruyter.
- “Grammaire et dictionnaire de la langue des Îles Marquises” Архивирано на 14 март 2005 г.: Msgr. Dordillon's Marquesan language dictionary (Société des études océaniennes, Pape’ete, 1904 – reissued 1999) (француски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- „Маркиска граматика“[мртва врска] на француски јазик
- Северномаркиски јазик на Ethnologue (англиски)
- Јужномаркиски јазик на Ethnologue (англиски)
Оваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |