Фату Хива
Фату Хива — најјужниот остров на Маркиските Острови во Француска Полинезија. Воедно островот е и најизолиран од сите населени Маркиски Острови, а најбилок сосед му е островот Моту Нао.
Фату Хива | |
---|---|
општина | |
Карта на Фату Хива. | |
Земја | Франција |
Прекуморска заедница | Француска Полинезија |
Управа | |
• Градоначалник | Анри Туиеинуи |
Површина | 85 км2 (33 ми2) |
Население (попис од август 2007)1 | 587 |
• Густина | 6,9/км2 (18/ми2) |
INSEE/Пошт. бр. | 98718 / 98740 |
Надм. висина | 0 м ) |
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Име
уредиИмето на островот на маркиски е Фати Ива (Fatu Iva). Како и да е, името запишано од страна на Европејците било Фати Хива, по примерот на останатите маркиски имиња на острови кои имаат збор Хива во самиот назив. Така, иако изговорот е без „х“ сепак буквата се пишува. Претходното име било Остров Магдалена (шпански: Isla Magdalena).
Историја
уредиПрвиот запис од страна на Европејците бил од шпанската експедиција Алваро де Мендења на 21 јули 1595. Првото име на островот зададено од Европејците бил Магдалена.[1]
Администрација
уредиАдминистративно, Фати Хива ја сочинува истоимената општина (комуна), дел од административната единица Маркиски Острови на прекуморската француска заедница Француска Полинезија. Административен центар е селото Омоа.
Демогрфаија
уредиСпоред податоците од 2007 година, Фату Хива имал население од 587 жители, населени во селата:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Sharp, Andrew The discovery of the Pacific Islands Clarendon Press, Oxford, 1960, p.51.
„Fatu Hiva“ на Ризницата ? |
Оваа статија поврзана со Океанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |