Св. Спас (Горно Крушје)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Спас

Карта

Местоположба 41°09′30″N 20°58′54″E / 41.15833° СГШ; 20.98167° ИГД / 41.15833; 20.98167
Основни податоци
Место Горно Крушје
Општина Ресен
Тип

 црква  некропола


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Св. Спасархеолошко наоѓалиште во преспанското село Горно Крушје. Претставува црква и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 300 м северно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид, на јужниот крај на висорамнинката од една мала височинка, која на северната страна се надоврзува на ридот Крушичка Краста, каде во 1968 година се изградени нова црква „Св. Спас“, помошна зграда и ограден ѕид. При копањето на темелите за црквата, според кажувањето на мештаните, биле откриени темели од објект ѕидани од камен и хоросан малтер, подни тули и широки ќерамиди. Исто така, откриле и повеќе гробови градени од камени плочи. Во Музејската збирка во Ресен се чуваат тегули на кои има врежано претстави на птици.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069