Алберт Велики

(Пренасочено од Св. Алберт Велики)

Св. Алберт Велики (роден помеѓу 1193 и 1206 година - починал на 15 ноември 1280) бил доминикански епископ, најмногу познат по своите придонеси за мирољубивата коегзистенција на науката и религијата. Тој се смета за најголемиот германски филозоф во средниот век.

Св. Алберт Велики
„Свети Алберт Велики“, фреска, 1352, Тревизо, Италија
епископ, исповедник, црковен учител
Роден(а) околу 1193/1206, Лауинген, Баварија
Починал(а) 15 ноември 1280(1280-11-15), Келн, Свето Римско Царство
Почитуван(а) во Католичка црква
Беатификација 1622, Рим
Канонизација 1931, Рим од Папа Пиј XI
Слава 15 ноември
Заштитништво медицински техничари, природни науки, филозофи, научници, студенти; Светски ден на младите

Роден е во Лауинген, Баварија (Германија) Како професор предавал на многу универзитети, меѓу кои и на Сорбона, прочуениот универзитет во Париз. Поради занимливостите во неговите предавања, морал да предава на плоштадот Мауберт, кој го носи неговото име, од латинските зборови Магнус Алберт. Негов ученик бил и познатиот Свети Тома Аквински, еден од најголемите теолози[1]. Алберт Велики бил првиот средновековен интелектуалец, кој ја вовел Аристотеловата филозофија во христијанската црква.

Наводи

уреди