Свети Мартин на Мура
Свети Мартин на Мура (унгарски: Muraszentmárton); на местото кајкавско наречје наречје се вика Сумартон,[2] или Мартин[3]) – населба и истоимена општина во Хрватска. Сместена е во Меѓимурската Жупанија.
Свети Мартин на Мура Sveti Martin na Muri | ||
---|---|---|
општина | ||
Центарот на селото | ||
држава | Хрватска | |
Жупанија | Меѓимурје | |
Управа | ||
• Градоначалник на општината | Дражен Црнчец | |
Површина | ||
• Вкупна | 25,24 км2 (975 ми2) | |
Население (2011)[1] | ||
• Вкупно | 2.605 | |
• Густина | 1,0/км2 (2,7/ми2) | |
• село | 435 | |
Час. појас | ЦЕВ (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | |
Поштенски код | 40313 Свети Мартин на Мура | |
Мреж. место | http://svetimartin.hr/ |
Населени места
уредиВо составот на населбата влегуваат 14 населби: Брезовец, Честијанец, Горен Концовчак, Градишчак, Гркавешчак, Јуровчак, Јуровец, Капелшчак, Лапшина, Мароф, Свети Мартин на Мура, Топлице Свети Мартин, Врховљан и Жабник.
Географија
уредиОпштината Свети Мартин на Мура е сместена на најсеверната точка на Хрватска. Подрачјето на општината го опфаќа просторот каде што реката Мура влегува во државната територија на Република Хрватска, а перипанонскиот простор полека се претвора во периалпски.
Со површина од 2525 хектари, општината се вбројува во редот на средно големи општини во Меѓимурската Жупанија, а во редот на мали општини во Република Хрватска.
На просторот на општината јасно се издвојуваат два типа релјеф: низински северен дел и ридски јужен дел на општината. Заради тоа северниот дел се класифицира во подрачјето на плеистоценската рамнина крај реката Мура, а јужниот дел во Горно Меѓимурје.
Метеоролошките особини се одредени со припадноста на пошироката климатска област – Панонската Низина. Превладува умерено свежа континентална клима.
Население
уреди808 домаќинства и 3.154 жители; густината на населеност е 125 жители/км2.
Општинска управа
уредиОпштината Свети Мартин на Мура за првпат е воспоставена во 1993 година. Општинското собрание го сочинуваат 13 советници кои се бираат за период од четири години.
Историја
уредиСместен во долината меѓу последните северни меѓимурски ритчиња спрема реката Мура, Св. Мартин на Мура е една од најстарите жупи и населби во овој дел на Меѓимурје.
Тука се наоѓа и важно предисториско археолошко наоѓалиште, а токму тука преку реката Мура преминувал знаменитиот римски пат меѓу Птуј и Лендава (POETOVIO – HALLICANUM). Не е чудно што кај Св. Мартин е пронајдено наоѓалипте на многу ретки римски пари и други материјални остатоци од античката култура. Овој крај бил важен во средниот век, како за готските и барокните цркви, така и по старите дворци и курии (Градишчак, Лапшина).
Највреден сочуван споменик до денес е готско-барокизираната жупна црква Св. Мартин. Оваа жупа се споменува веќе во 1334 година (SANCTI MARTINI), па во 1501 година (SANCTI MARTINI SUPERIOR) и во 1650 година (SANCTI MARTINI in KOMORY). На ова историско место најпрво е изградена дрвена жупна црква, за да во половината на XV век биде изграден најголем дел од светилиштето. Светилиштето е полионално, а надсводено со многу успешен доцноготски мрежест свод, кој го носат десет конзоли. Занимливи се бидејќи имаат изгравирано мотиви на растенија како и ликови на ангели (на еден е врежана 1468 година).
Особено се занимливи и вредни готските ѕидни слики што е права реткост во Меѓимурје. Денешната сакристија е изградена во 1777 година, а најдоцна е заменет поплочениот дел на таванот на бродот, во 1779 година.
Стопанство
уредиОпштината Свети Мартин на Мура отсекогаш му припаѓала на послабо развиеното подрачје на жупанијата. Населението главно се занимавало со земјоделство, лозарство и сточарство. Сепак, во поново време сè повеќе се развива индустријата и туризмот.
Споменици и знаменитости
уредиОбразование
уредиВо општината има едно училиште – Основното училиште Свети Мартин на Мура.
Наводи
уреди- ↑ „Население по возраст и пол, по населени места, попис 2011: Свети Мартин на Мура“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
- ↑ Em dêjtê najte! (medjimurje.hr)
- ↑ Đ. Blažeka–G. Rob: Rječnik Murskog Središča, Zagreb 2014. ISBN 978-953-7210-53-3 s. 205.