Светилиште Ицукушима

Светилиштето Ицукушима (厳 島 神社 (嚴 島 神社), Итсукушима-џинја) — шинтоистичко светилиште кое се наоѓа на островот Ицукушима, најпознато по својата „лебдечка“ порта torii. Се наоѓа во градот Хацукаичи во префектурата Хирошима во Јапонија. Комплексот на светилиштата е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО, а јапонската влада прогласила неколку објекти и територии за Национално богатство.

Светилиште Ицукушима
светско наследство на УНЕСКО
Тории на Светилиштето Ицукушима,
МестоИцукушима, Јапонија
КритериумCultural: i, ii, iv, vi
Навод776
Запис1996 (XX заседание)
Површина431.2 ha
Преоден појас2,634.3 ha
Мреж. местоen.itsukushimajinja.jp
Координати34°17′45″N 132°19′11″E / 34.29583° СГШ; 132.31972° ИГД / 34.29583; 132.31972
Светилиште Ицукушима

„Светилиште Ицукушима“ на „канџи
Јапонски назив
Канџи 厳島神社

Светилиштето Ицукушима е едно од најпопуларните јапонски туристички атракции. Најпознато е по својата порта или тории на периферијата на светилиштето,[1] светите врвови на планината Мисен, обемните шуми и погледот кон океанот.[2][3] Самиот комплекс на храмови се состои од две главни градби: храмот Хонша и Сеса Мародо-џинја, како и 17 други различни згради и структури кои помагаат да се разликува од останатите. Комплексот е запишан и како светско културно наследство на УНЕСКО, а шест негови згради и поседи беа назначени од јапонската влада како национални богатства .

Портата Тории во моментов е покриена со полутранспарентно скеле бидејќи е подложено на реставраторски работи во рамките на подготовките за Олимпијадата во 2020 година, што е предвидено да се одржи во 2021 година.[4]

Светилштето било основано од Саеки но-Курамото, членот на тогашното моќно семејство Саеки, во 593 година. Посветено е на трите божици на морето и ќерките на богот на ветерот кои се викале Ицикишима, Тагори и Тагицу.

Главната зграда на светилиштето се состои од неколку меѓусебно поврзани сали. Пред нив, свртен кон морето, се наоѓа церемонијален подиум каде се изведувале танци. Низ целиот остров постојат многу помали светилишта и церемонијални простори.

До самиот врв на планината Мисен се наоѓа салата Реикадо, каде што веќе 1200 години гори вечниот пламен. Се верува дека водата, варена на овој оган, може да ги излекува сите болести. Областа на светилиштето Ицукушима била проширена и надоградувана повеќе пати, а била и уништена двапати од пожар. Денешниот изглед го добил во 1168 година, а последната целосна реконструкција на комплексот била завршена во 1241 година.

Постепено пристапот до островот им бил дозволен на сите, а со текот на времето островот добил и постојани жители. Денес таму живеат околу 2.000 луѓе. Меѓутоа, за да се зачува чистотата, со царскиот декрет од 1878 година на островот се забранува раѓање, умирање и погреби[5].

Наводи

уреди
  1. Cali, Joseph; Dougill, John; Ciotti, Geoff (2013). Shinto Shrines: A Guide to the Sacred Sites of Japan's Ancient Religion. University of Hawai'i Press. ISBN 9780824837136. JSTOR j.ctt6wqfhm.
  2. Nussbaum, Louis-Frédéric (2005). "Itsukushima-jinja" in Japan Encyclopedia, p. 407.
  3. „Ramsar and World Heritage Conventions: Converging towards success - Case study: Itsukushima Shinto Shrine, Japan“ (PDF). Ramsar. 15 September 2017.
  4. https://www.stripes.com/not-even-restoration-work-can-detract-from-the-beauty-of-japan-s-island-of-the-gods-1.599621
  5. Светиот остров Ицукушима - место каде што никој не се раѓа и никој не умира; www.crnobelo.com

Надворешни врски

уреди