Света Недела (Блатец)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Света Недела“
| |
Местоположба | 41°51′55″N 22°35′19″E / 41.86528° СГШ; 22.58861° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Блатец |
Општина | Виница |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Света Недела — археолошко наоѓалиште во виничкото село Блатец. Претставува могила од римско време.
Се наоѓа северно од селото, на левиот брег на реката Осојница. Висока е 10 м, а во основата има пречник од околу 60 м. На површината се гледаат гробови со камени конструкции, поставени во правец исток-запад, секундарно вкопани во средновековието.
Според исказите на К. Костадинов, пред 40 години могилата била прекопана по средината, при што биле најдени метални предмети кои не се зачувани.[1]
Поврзано
уреди- Грамади — населба со некропола од римското време;
- Ирин Дол — могила од римското време;
- Калајџиево — населба со могила од римското време;
- Калe — градиште од римското време;
- Мојмија — тумул од железното време и населба од доцната антика;
- Рачи Брдо — могила од римското време;
- Селиште — населба од римското време;
- Црквиште — населба од доцноримско време;
- Чуката — могила од римско време;
- Блатец;
- Список на археолошки наоѓалишта во Виничко.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 89. ISBN 9989-649-28-6.