(Бес)конечни модели на расказот
„(Бес)конечни модели на расказот“ — збирка раскази од македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска. Книгата е издадена во 2018 година од издавачкото претпријатие Бегемот,[1] во рамките на библиотеката „Наше маало“. Таа била испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци, а нејзиното издавање било финансирано од Министерството за култура[2]
Автор | Сања Михајловиќ-Костадиновска |
---|---|
Изработувач на корицата | Наталија Лукомска |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | раскази |
Издавач | Издавачка куќа Бегемот |
Издадена | 2018 |
Медиум | печатено издание, 190×120 mm |
Страници | 136 |
ISBN | 978-608-4718-82-6 |
Содржина
уредиЗбирката содржи 78 куси раскази, поделени во 13 циклуси:[3]
- Почетнички раскази
- * Млечно запче
- * Лист, камен, ножички
- * Вртимушка
- * Жижица
- * Куќичка за птици
- * Пена од пиво
- * Клацкалка
- * Глуварче
- Ситни раскази
- * Мрсул
- * Мамец
- * Кесичка чај
- * Голо пупе
- * Гума за џвакање
- * Приврзок за клуч
- * Клопче
- * Квака
- * Мува во супа
- Деликатесни раскази
- * Зелка
- * Десетка со кромид
- * Сол и црн пипер
- * Сладолед
- * Лубеница
- * Тулумба
- Иритирачки раскази
- * Мевце во заб
- * Каменче во чевел
- * Прдеж во лифт
- * Трепка во око
- * Дамка на маица
- * Паста за заби при крај
- * Скинато копче
- * Резервна гума
- * Коњско опавче
- * Пепелник
- * Плускавец
- Патувачки раскази
- * Куфер
- * Несесер
- * Количка за багаж
- * Хотелско сапунче
- * Знак каде што почнува еден град
- * Знак каде што завршува еден град
- Вселенски раскази
- * Супернова
- * Кратер
- * Затемнување на Сонцето
- Суеверни раскази
- * Урочливи очи
- * Талог од кафе
- * Вретено
- Функционални раскази
- * Хефталка
- * Стари чевли во нова кутија
- * Табуретка
- * Штипка
- * Леѓен
- * Жлеб
- * Чепкалки за заби
- * Игла и конец
- * Мрежа за комарци
- * Чергиче пред врата
- * Помошни скали
- * Кармин
- Раскази за засолнување
- * Гнездо
- * Стреа
- Раскази-стапици
- * Пајажина
- * Жива кал
- * Печурка
- Среќни раскази
- * Детелина со четири листа
- * Грепка
- * Врба
- * Џукела
- Несреќни раскази
- * Оглас
- * Покојник
- * Риба во аквариум
- * Риба на суво
- * Згазено куче
- * Свиснати гради
- Раскази со среќен почеток, а тажен крај
- * Прашина под кревет
- * Ветерница
- * Нишало
- * Еднојајчани близнаци
- * Желка
Осврт кон делото
уредиРасказите во збирката се поделени во повеќе циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, суеверни, функционални, опасни, раскази-стапици, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај итн. Веќе самите наслови укажуваат на креативноста и инвентивноста, оригиналноста и игривоста на нивната авторка. Имено, во средиштето на оваа книга се тринаесетина (според бројот на циклуси) модели на раскази, варијанти на пишување куси раскази; тоа се раскази за расказот, еден вид луцидни упатства и сугестии за тоа како се пишуваат раскази и какви сѐ облици и модели на краток расказ можат да постојат, како и кои се нивните парадигматични обележја. Фасцинира, притоа, богатството на аналогии и асоцијации на творечкиот чин со најобични, дури и банални ситуации и објективни предмети од непосредната реалност. Низ целата збирка се провлекува лудистичката постапка која е потенцирана со (само)иронична нота. Понекогаш, расказите звучат како филозофски искази. Ефектни, енергични и динамични, минијатурите на Михајловиќ-Костадиновска се одликуваат со згусната форма, нагласена сликовитост и висок степен на култура на изразот. Тие нудат мошне впечатливи, интересни и возбудливи коментари за видовите нарација кои, несомнено, ќе ја разиграат читателската фантазија и ќе понудат неповторливо читателско искуство. Авторката вешто си поигрува со поривот за раскажување на мошне инвентивен и оригинален начин. Збирката претставува извонреден пример на жанрот кус расказ, кој во поново време доживува полет во македонската книжевност, и нема сомнение дека таа внесува многу свежина и дава значаен придонес не само за развојот на овој жанр, туку ја збогатува и македонската книжевност, воопшто.[4]
Наводи
уреди- ↑ (Бес)конечни модели на расказот
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018.
- ↑ Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018.
- ↑ Лидија Капушевска-Дракулевска, „За ракописот '(Бес)конечни модели на расказот' од Сања Михајловиќ-Костадиновска“, во: Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 131-134.