Горан Атанасов - Зеко

Горан Атанасов - Зеко (29 септември 1961, Скопје - 17 мај 2018, Скопје) — познат скопски шоумен, пејач и угостител, и еден од главните создавачи на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-тите.

Горан Атанасов - Зеко
Роден 29 септември 1961
Скопје, Македонија
Починал 17 мај 2018
Скопје, Македонија

Заедно со Сашо Пижевски - Пиже и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 1990-ти, позната по хитовите „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити сè“ и др. По нејзиното распаѓање, се посветува на својот бизнис - угостителството и само повремено, како гостин, учествува во неколку музички проекти.

Зеко бил исто така менаџер, соопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки. Меѓу позначајните биле кафулето Баскет, забавниот комплекс Хавана клуб во Градскиот парк, дискотеката Парк во Градскиот стадион и таверната Хавана.

Во подоцнежните години правел обиди за повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, што било плод на соработката со Александар Митевски.

Надворешни врски

уреди