Атлантски Океан

океан
(Пренасочено од Јужен Атлантски Океан)

Атлантскиот Океан или Атлантик 0° СГШ 30° ЗГД е втор по големина од петте океани, со површина од околу 106,4 милиони км2, и покрива околу 20% од површината на Земјата. За споредба, површината на најголемата земја - Русија е 17 милиони км2. Најстариот спомен за Атлантикот доаѓа од Херодот околу 450 година п.н.е.

Атлантски Океан
Карта на Атлантскиот Океан
Атлантскиот Океан со неговите два главни дела
Координати0°N 25°W / 0° СГШ; 25° ЗГД / 0; -25[1]
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
85,133,000 км2[2]
Северен Атлантик: 41,490,000 км2,
Јужен Атлантик: 40,270,000[3] км2
Прос. длабочина3.646[3] м
Најг. длабочинаПорторикански Ров
8.376[4] м
Зафатнина310.410.900[3] км3
Брег111.866[1] км
БраздиПорторикански; Јужносендвички; Романшки
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Атлантскиот Океан на запад е ограничен со Северна и Јужна Америка, на исток со Европа и Африка, а на север и југ продолжува во Северниот и Јужниот Океан.

Со Тихиот Океан е поврзан преку Панамскиот Канал и преку Дрејковиот Премин јужно од Јужна Америка. На југоисток, Атлантикот продолжува во Индискиот Океан, а за граница се смета меридијанот 20° источно.

Средоземното Море е поврзано со Атлантикот преку протокот Гибралтар.

Просечната длабочина на Атлантикот е 3.926 м, а најголемата е во ровот Порторико, 8.605 м. Најмалата ширина е 2.848 км помеѓу Бразил во Јужна Америка и Либерија во Африка, а најголемата е 4.830 км помеѓу САД и Северна Африка.

Во просек, Атлантикот е најсолен од сите океани, салинитетот изнесува 3,3 - 3,7%. Температурата на водата се движи меѓу 7-8 °C околу географските ширини 45° северно и јужно.

Брановите во движењето на воздухот создават нестабилности во Атлантикот кои можат да доведат до појава на урагани.

Околу екваторот, поради варијации на температурите на водата и воздухот, во текот на летото (мај-септември) се создават тропски циклони и урагани.

Попознати острови во Атлантскиот Океан се: Гренланд, Исланд, Фарски Острови, Британските Острови, Њуфаундленд, Азорите, Канарски Острови, Карибите, Малите и Големите Антили, Бермудските Острови и др.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 CIA World Factbook: Atlantic Ocean
  2. „Atlantic Ocean“. Encyclopædia Britannica. Архивирано од изворникот 15 February 2017. Посетено на 20 December 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 Eakins & Sharman 2010
  4. Dean, Josh (21 December 2018). „An inside look at the first solo trip to the deepest point of the Atlantic“. Popular Science (англиски). Посетено на 2018-12-22.

Поврзано

уреди