Сандре Колев Крстевски ( 1924 во Нежилово (Кратовско)16 април 1945 во Земун, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Сандре Крстевски
Роден 1924 година
Нежилово (Кратовско), Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 16 април, 1945 година
Земун, Србија
Починал во болница, по здобиени рани на фронтот.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Потекнува од сиромашно земјоделско семејство. Иако бил самоук и полуписмен бил природно надарен и напреден младинец. Кога единиците на НОВ се повлекувале по нападот на Кратово, на 25 април 1944 година, Сандре се приклучил во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Наскоро бил поставен за командир на чета во истата бригада. Учествувал во многу борби што ги водела бригадата и со својата храброст служел за пример. Земал учество во сите борби што се воделе за ослободување на Македонија. На Сремскиот фронт во борбите крај Шид по вторпат бил тешко ранет, по што бил префрлен на лекување во Земун каде на 16 април 1945 година подлегнал на раните.[1]

За извонредната храброст и пожртвуваност во борбите, бил одликуван со Орден за храброст.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 40.