Сакарија (река)
Сакарија (турски: Sakarya Irmağı; грчки: Σαγγάριος; Латински: Sangarius) ― третата најдолга река во Турција. Поминува низ регионот познат во античко време како Фригија. Се сметала за една од главните реки на Мала Азија (Анадолија) во класичната антика, и се споменува во Илијада и во Теогонија .[1] Нејзиното име се појавува во различни облици како Саграфос,[2] Сангарис,[3] или Сагарис.[4]
Сакарија | |
---|---|
Местоположба | |
Земја | Турција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Бајатска Висорамнина |
Устие | |
• место | Црно Море |
Должина | 824 км |
Големина на сливот | 55,300 км2 |
Особености на сливот |
Во „Географика“, Страбон пишува дека во текот на класичната антика, реката имала извори на планината Адореус, во близина на градот Сангија во Фригија, не на далеку од границата на Галатија,[5] и течела во многу вртежен тек, прво во источниот, потоа во северен, потоа во северозападен, и на крај повторно во северен правец преку Витинија кон Евксин (Црното Море). Во еден дел од својот тек ја обликувала границата помеѓу Фригија и Витинија; а во раните времиња Витинија била ограничена на исток со реката. Битинскиот дел на реката бил пловен и се славел поради изобилството риби што се наоѓале во неа. Нејзини главни притоки биле Аландер, Батис, Тимбрес и Галус.[6]
Изворот на реката е Бајатската Висорамнина која се наоѓа североисточно од Афион. Придружено од Порсучкиот Поток близу до градот Полатли, реката поминува низ Адапазарската Рамнина пред да стигне до Црното Море. Сакарија некогаш била преминувана преку Сангарискиот мост, изграден од римскиот цар Јустинијан I (вл. 527–565)]]. [[Податотека:Sangarius_Bridge,_Justinyen_Köprüsü-2.JPG|лево|мини|Сангарискиот мост изграден од Јустинијан Велики. Во 13 век, долината на Сакарија била дел од границата помеѓу Римската Империја и домот на племето Согут. До 1280 година, римскиот цар Михаил VIII изградил низа утврдувања покрај реката за да ја контролира областа, но поплавата во 1302 година го сменила текот на реката и ги направила утврдувањата бескорисни.[7] Племето Согут мигрирало преку реката и продолжило да ја основа Османлиската Империја.
Од низводно кон возводно, Сакарија има четири брани: Акчај, Јениџе, Гокчекаја и Саријар.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Хесиод, Теогонија, 344.
- ↑ Schol. ad Apollon. Rhod. 2.724.
- ↑ Константин VII Порфирогенит, За управувањето на Империјата 1.5
- ↑ Овидиј, ex Pont. 4.10 17; Solin 43; Плиниј Постариот. Naturalis Historia. 6.1.
- ↑ Страбон. Географија. xii. p.543. Броеви на страници кои се однесуваат на изданието од Исак Казобон.
- ↑ Периплус на Псевдо-Скилакс, стр. 34; Apollon. 2.724; Scymnus. 234, foil.; Strab. xii. pp. 563, 567; Dionys. Perieg. 811; Ptol. 5.1.6; Steph. B. sub voce Liv. 38.18; Plin. Nat. 5.43; Amm. Marc. 22.9.
- ↑ Imber, Colin. The Ottoman Empire, 1300-1650 : the structure of power (Third. изд.). London. стр. 6. ISBN 1352004968. OCLC 1034613389.