Руслан и Људмила (pуски: Руслан и Людмила) е првото позначајно дело на рускиот книжевник Александар Пушкин. Делото е засновано на бајките кои Пушкин ги слушал од баба си. Делото било објавено во 1820 година. Тоа е напишано во форма на епска бајка и зборува за киднапирањето на Људмила, ќерката на Владимир Велики, и храбриот витез кој се обидува да ја спаси од злокобниот волшебник.

Фронтиспис на првото издание од 1820
Руслан се судира со главата, Николај Ге

Создавање на делото

уреди

Создавањето на ова дело, Пушкин го започнал во 1817 година, кога уште бил ученик во Церската гимназија. Пред да биде објавено, Пушкин бил прогонет на југот од Русија поради своите политички ставови, кои ги искажал во другите дела, како во „Ода на слободата“.

Адаптации

уреди

Во периодот помеѓу 1837 и 1842 година, рускиот композитор Михаил Глинка, на основа на делото на Пушкин, ја создал истоимената опера. Во 1915 година, под влијание на ова дело, бил снимен нем филм. Во 1972 година, во Советскиот Сојуз бил снимен и втор филм, во кои главните улоги ги толкуваат Валериј Козинец и Наталија Пертова.