Царскоселски лицеј

Царскоселскиот ликеј, Императорски Царскоселски ликеј, Александровски ликеј (рус. Царскосельский лицей, Императорский Царскосельский лицей, Александровский лицей) во Царское Село близу Санкт Петербург бил основан од царот Александар I со цел за образување на млади од најистакнатите семејства, кои подоцна би вршеле важни функции во царството.

Дворот на Царскоселскиот ликеј
Александар Сергеевич Пушкин чита своја поема пред Гаврила Державин на ликејскиот испит во Царское Село на 8 јануари 1815 година (1911) од Иљја Репин

Регулативите на ликејот биле објавени на 11 јануари 1811, а добиле царско одобрување на 12 август 1810, кога било одредено дека живеалиштата ќе бидат во новото четирикатно крило на Големиот дворец, со посебни простории за болница кујна и други домашни потреби, како и живеалиште за административниот пресонал. Неокласичната зграда, дело на архитектот Василиј Статсов, била сместена веднаш до Катеринскиот дворец, а со неа биле дадени и мебел и покуќнина.

Царскоселскиот ликеј бил отворен на 19 октомври 1811. Првите дипломци станале брилијантни дејци, меѓу кои Александар Сергеевич Пушкин и Александар Горчаков. Отворањето се празнувало секоја година со свечености и гозби, за кои Пушкин секогаш имал спремно нови стихови. Во јануари 1844 ликејот бил преместен во Санкт Петербург.

За време на 33-те години на постоењето на Царскоселскиот ликеј, во него завршиле 286 дипломци. Најпознати од нив биле Антон Делвиг, Вилхелм Кихелбекер, Николај Гирс, Димитриј Толстој, Јаков Карлович Грот, Николај Данилевски, Алексеј Лобанов-Ростовски, Фјодор Шчербастској и Михаил Салтиков-Шчедрин.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди