Руско-француски односи
Руско-француските односи (руски: Российско-французские отношения) се надворешни односи меѓу Франција и Руската Федерација.
Франција |
Русија |
---|
Историја
уредиРуско-француските односи имаат долговековна историја. Уште во средината на 11 век Ана - ќерката на Јарослав Мудриот, станала кралица на Франција кога се омажила за Анри I. По неговата смрт станала регент на неговиот син - идниот крал на Франција Филип I. Фактички таа управувала со државата. Првата амбасада на Русија во Франција била основана во 1717 година, по декрет на Петар Велики по кое биле воспоставени дипломатски односи меѓу двете земји.
Односите меѓу Русија и Франција во првата половина на 19 век не можат да се одликуваат како стабилни. Во текот на овој период следувала Француската инвазија во 1812 година, Јулската револуција по кое рускиот император Николај I го сметал францускиот крал за узурпатор на престолот. Врв во соработката меѓу Франција и Русија било создавање кон крајот на 19 век воено-политички сојуз. Симбол на пријтелството меѓу двете земји е мостот на Александар III, изграден во Париз. Овој мост е познат како најубавиот од сите мостови на реката Сена.
Историјата на односите на СССР и Франција започнале на 28 октомври 1924 година на денот на официјалното воспоставување на дипломатски односи меѓу СССР и Франција. Преку размена на амбасадори француската влада истакнала дека мешањето во внатрешните работи на Русија ќе стане минато. На 14 ноември 1924 година Президиумот на ЦК на СССР назначил овластен дипломатски претставник на СССР во Франција.
На 7 февруари 1992 година Франција ја признала Руската Федерација како земја наследник на СССР.