Руски ковчег

Измислен историски филм на Александар Сокуров, снимен во Зимската палата во еден филм, без запирање на камерата

Руски ковчег (руски: Русский ковчег) е руско-германски филм од 2002 година, во режија на Александар Сокуров, кој е автор и на сценариото, заедно со Анатоли Никифоров. Главните улоги ги толкуваат: Сергеј Дрејден, Марија Кузнецова, Максим Сергеев, Владимир Баранов и Ана Алексахина.[1] Филмот е добитник на вкупно 10 награди.[2]

Александар Сокуров

Содржина

уреди

На почетокот од филмот, машки глас (гласот на Сокуров) раскажува дека му се случила несреќа, дека оттогаш ништо не се сеќава и дека не знае каде се наоѓа. Притоа, група мажи и жени низ спореден влез влегуваат во Зимската палата во Санкт Петербург, облечени во костуми од 19 век. Раскажувачот среќава непознат човек (кого го нарекува Европпецот), кој се претставува како маркизот де Кустин, француски дипломат (го игра Дрејден) кој во 19 век ја посетил Русија. Тие двајца започнуваат прошетка низ Зимската палата (музејот Ермитаж) при што Европеецот дава коментари за руската и за европската историја и култура. За време на нивната прошетка се прикажани повеќе сцени од различни историски периоди: царот Петар Велики го кара и удира еден свој генерал, театарски и оперски претстави од времето на Катерина Велика, приемот на персискиот шах на дворот на царот Николај I, ќерките на царот Николај II, директорот на Ермитаж во времеот на Сталин, посетители на музејот во денешното време итн. На крајот од филмот е прикажан голем бал со многу учесници, кои потоа посетепно ја напуштаат палатата и тогаш Европеецот му кажува на раскажувачот дека тој му припаѓа на тоа време и затоа не сака да продолжи понатаму. Тогаш, раскажувачот, одејќи наназад, ја напушта палатата.[3]

Наводи

уреди