Руски загар (расказ)
„Руски загар“ (српски: Руски хрт) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од истоимената збирка, додека на македонски јазик е објавен во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Живко Гроздановски.
Содржина
уредиСудијата, д-р Стеван Михаиловиќ умрел во Сомбор, во 1922 година, под чудни околности. Откако го напуштила неговата втора жена, тој купил руски загар. Кога кучката пораснала, тој добил луле како подарок од некој непознат човек. Воден од некое претчувство дека работата нема да заврши на добро, тој избегал во Будимпешта, но таму, во една слаткарница му пристапил непознат човек - Еуген Дожа, кој од лулето извадил брилијант и му го понудил на д-р Михаиловиќ, кој ги собрал потребните пари и го купил скапоцениот камен. По седум дена, Дожа му испратил второ луле, а д-р Михаиловиќ избегал во Виена, но таму повторно го сретнал Дожа, кој му покажал два благородни камена (машки и женски), од кои само еден бил за продажба. Тогаш, тој се вратил во Сомбор и го распродал целиот имот (заедно со рускиот загар) и го купил и вториот камен. Потоа, од двата камена порачал да се направат обетки, со намера да ѝ ги подари на некоја жена. Но тогаш, д-р Михаиловиќ видел дека таа го има третиот брилијант, оној кој Дожа не сакал да му го продаде. Од неа го купил третиот дијамант и набргу умрел. На крајот од расказот, нараторот соопштува дека е оженет за Марија Дожа, внука на Еуген.[1] [2]