Живко Гроздановски
Живко Грозданоски (1986, Кичево) — македонски писател и поет.
Творештво
уредиГрозданоски пишува проза, поезија и книги за деца. Покрај тоа, тој е приредувач на тематска антологија на современи македонски автори, објавена на македонски, на грчки и англиски јазик. На македонски јазик превел романи, раскази, есеи и песни од дваесетина италијански писатели, а на италијански јазик превел дела на десетина македонски поети. Неговото творештво е преведено на десетина јазици и застапено во десетина антологии.[1] Три негови раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]
Наводи
уреди- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 367.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 315-319.