Загар[1][2] или 'рт[3][4] — вид куче што им помага на ловците со тоа што трага или гони дивеч. Споредете ги со птичарите што им помагаат на ловците со тоа што ја препознаваат положбата на пленот или го донесуваат истиот.

Англиски лисичар

Постојат два вида загари под кои потпаѓаат по неколку раси:

Вид Пример
Загари извидници, кои го следат пленото со тоа што го посматраат. Ова се многу брзи кучиња, кои самите го фаќаат и убиваат или онеспособуваат пленот.
Випет
Загари намирисувачи, кои го следат пленот по мирис. Овие кучиња се издржливи, но не трчаат брзо.
Басет
Домородни загари, кои го следат пленот со вид, мирис и слух. Овие кучиња се брзи и издржливи, но не се побрзи од загарите извидници.
Критикос Лагоникос

Загарот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Загари на љубовта“ (Hounds of Love) — песна и албум на британската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1985 година.[5]

Наводи уреди