Руска авангарда
Руска авангарда – голем, влијателен бран на авангардната модерна уметност која процутела во Руската Империја и Советскиот Сојуз во периодот од 1890 до 1930 година. Некои историчари како нејзин почеток ја бележат 1850 година, а за крај ја наведуваат 1960 година. Терминот опфаќа многу поединечни, но неразделно поврзани уметнички движења кои цутеле во тоа време – супрематизам, конструктивизам, руски футуризам, кубофутуризам, заум и неопримитивизам. Со оглед на тоа што многу авангардни уметници биле родени или израснати во она што денес е Белорусија и Украина (Казимир Малевич, Александра Екстер, Владимир Татлин, Василиј Кандински, Давид Бурлјук, Александар Архипенко), некои извори зборуваат и за украинска авангарда.
Руската авангарда го достигна својот креативен врв и максимална популарност во раздобјето на Руската револуција, од 1917 до 1932 година, кога идеите на авангардата се судрија со новонастанатата државноспонзорирана насока на социјалистичкиот реализам.
Период пред Октомвриската револуција
уредиАвангардна група на сликари се собирала во списанието „Мир искуство“ и се заземала за оживување на руската народна уметност. Најзначајните резултати ги постигнала во сценографијата и костимографијата.
На почетокот на XX век во руската архитектура пристигаат западноевропските влијанија, прво сецесијата, а потоа функционализмот. Главни двигатели на руската апстрактна уметност биле Василиј Кандински, кој воедно бил и авторот на првата апстрактна слика (1910), М.Ф. Ларионов и Н.С. Гончарова (основачи на рајонизмот), а Казимир Малевич бил најрадикален (зачетник на супрематизмот).
Зачетник на конструктивизмот, најраниот облик на апстрактната скулптура, бил Владимир Татлин. Идеите на конструктивизмот во Европа ги пронеле вајарите: Александар Архипенко, Антоан Певзнер и Наум Габо.
Советски стил
уредиПосле Октомвриската револуција се јавил краткотраен, но славен обид за модернизација на руската уметност во кој авангардата станала службен стил. Но, набрзо авангардните уметници биле шиканирани и дури затворани, а од 1934 година единствен признат ликовен израз бил социјалистичкиот реализам. Во Русија биле родени, но ја напуштиле во текот или после Октомвриската револуција Алексеј Јавленски, Марк Шагал, Ел Листиски, М. Ф. Ларионов и неговата сопруга Н. С. Гончарова и С. Пољаков.
Во сликарството се величаат култовите на Сталин, младоста и работниците. Идеолошки монументални споменици и портрети изведувала В. И. Мухина, а во архитектурата превладал стилот во кој се величала моќта на државата (Ленинов мавзолеј на Црвениот плоштад) во Москва.
Современа руска уметност
уредиСоветскиот стил трае сè до распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година кога се јавува т.н. „постсоцијалистички стил“. Младата генерација архитекти проектира во сите постмодерни стилови на архитектурата. Периодот после 1990 година е обележан со појавата на многубројни уметнички групи кои се движат од геометриска апстракција преку хепенинг, лендарт, концептуална уметност, до хиперреализам вдахновен од социјалистичкиот реализам (т.н. уметност на перестројката).
Поврзано
уредиЛитература
уреди- H,W. Janson, Istorija umetnosti, Beograd 1962.
- Markus Steigman/ René Zey- Lexikon der Modernen Kunst Tehniken und Stile Hamburg 2002.
- Dejiny umenia, Michael V, Altpatov, Martin 1976
- Umění, Hendrik Willem van Lon, Praha 1939.
- Enciklopedija likovnih umjetnosti, L.Z. FNRJ, Zagreb 1969.
- Мала енциклопедија Просвета, Београд, 1959.
- Svet umenia, IKAR, Bratislava 2002.
- Spozname umenie R. Dickensova a M. Griffildova, B. Bystrica 2004.
- Dejiny umenia, Mladé letá Bratislava 2001.
- Svetové dejiny umenia, B.F. Groslier, Larousse, Praha 1996.
Надворешни врски
уреди- Руска култура
- Руски слики
- Руско културно друштво Орландо Архивирано на 12 октомври 2007 г.
- Why did Soviet Photographic Avant-garde decline?
- The Russian Avant-garde Foundation Архивирано на 10 август 2018 г.
- Thessaloniki State Museum of Contemporary Art - Costakis Collection
- Yiddish Book Collection of the Russian Avant-Garde at the Beinecke Rare Book and Manuscript Library at Yale University
- International campaign to save the Shukhov Tower in Moscow
- Masters of Russian Avant-garde Архивирано на 6 мај 2008 г.
- Masters of Russian Avant-garde from the collection of the M.T. Abraham Foundation