Рум агриколе е француски термин за рум со сок од шеќерна трска, стил на рум првично дестилиран на француските острови на Карибите од свежо исцеден сок од шеќерна трска наместо од меласа. Rhum е терминот што вообичаено го разликува во локациите што зборуваат француски од румот направен со меласа во другите делови на Западните Инди(Рум, Рон).

Сок од шеќерна трска во резервоари за ферментација, Гвадалупе

Преглед

уреди
 
Ти пунч, коктел со рум агриколе, со рум бланк (лево) и рум амбре (десно)

Рум со сок од трска главно доаѓа од Хаити, Мартиник и Гвадалупеските острови Мари-Галант, Гранд Тер и Бас Тер, но се прави низ Карибите, вклучително и на Тринидад, Панама, Доминиканската Република и Гренада, во Индиски Океан на островот Маурициус и Реунион, и во Тихиот Океан островите на Хаваи и во Вануату.

Најголемиот дел на румови е направен од меласа, нуспроизвод на рафинирање на шеќер. Кога Франција почнала да произведува шеќер од шеќерна репка околу 1811 година, цените на шеќерот паднале и фабриките за шеќер на Француските Кариби не можеле да преживеат само со производство на шеќер. Свеж сок од трска сега бил достапен за ферментирање и дестилирање во рум.[1]

Мартиниканските производители на рум од сок од трска целосно произведени во Мартиник и исполнуваат одредени стандарди за производство, според францускиот закон, имаат право на ознака за контролирано потекло- Рум Агриколе од Мартиник. [2] Оваа ознака е единствена за Мартиник и не ја дефинира категоријата рум со сок од трска или рум агриколе.

Во Мартиник, румовите со сок од трска означени со AOC обично се дестилираат на 70% алкохол (140 степени, а потоа се разводнуваат до 40-55% (80-110 степени) кога се флашираат. Може да бидат стари само неколку месеци (барем 3 месеци за AOC Рум Агриколе од Мартиник) или до неколку години. По три години стареење во дабови буриња, може да се нарече „rhum vieux“ или „стар рум“.[3]

Наводи

уреди
  1. „History & origins“. rhum-agricole.net. Архивирано од изворникот на 24 July 2011. Посетено на 24 October 2010.
  2. „AOC Rhum Martinique description“. Rhum Agricole. Архивирано од изворникот на 24 July 2011. Посетено на 18 February 2011.
  3. „Caribbean Spirits : Rhum Agricole“. Caribbean-spirits.com. Архивирано од изворникот на 4 July 2010. Посетено на 28 June 2010.