Рудниците на цар Соломон
Рудниците на цар Соломон (англиски: King Solomon's Mines) ― авантуристички роман од англискиот викторијански писател и баснописец Х. Рајдер Хагард објавен во 1885 година.[1] Романот бил еден од првите англиски авантуристички романи со дејство во Африка и се смета за основоположлик на новиот литературен жанр „изгубен свет“. Ова бил прв од четиринаесетте романи и четирите раскази од Хагард за Алан Квотермејн.
Насловна страна на македонското издание од 1965 година | |
Автор | Хенри Рајдер Хагард |
---|---|
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | Англиски |
Серијал | Алан Квотермејн |
Жанр | Изгубен свет |
Издавач | Cassell and Company |
Издадена | 1885 |
Страници | 320 |
Претходна | Главата на вештерката |
Следна | She: A History of Adventure |
Текст | King Solomon's Mines на Викиизвор |
Содржина
уредиРоманот започнува со Алан Квотермејн, стар ловец на слонови и истражувач, кој живее во африканскиот град Дурбан. Тој е ангажиран од англискиот аристократ сер Хенри Кертис и неговиот пријател капетанот Џон Гуд, да им помогне да го пронајдат изгубениот брат на сер Хенри, Џорџ Невил, кој тргнал во потрага по легендарните рудници на цар Соломон. Според старата легенда, во рудниците има огромно богатство и се наоѓаат некаде длабоко во неистражената внатрешност на Африка. Квотермејн има мапа која наводно води до рудниците, но дотогаш не ја сфаќал сериозно. Тој се согласува да води експедиција во замена за дел од богатството или стипендија за неговиот син ако биде убиен на патешествието. Со себе земаат и еден домородец, Умбопа.
Квотермејн, Гуд и Кертис, заедно со водачот Умбопа, тргнуваат на опасно патување низ Африка. Минуваат низ пустини и планини, се соочуваат со глад и дехидрација, но благодарение на мапата која ја има Квотермејн успеваат да ги избегнат најголемите опасности и стигнуваат до оазата која е прикажана на половина пат од картата. Стигнувајќи до планинскиот венец наречен Сулиман Берг, се качуваат на еден врв (една од „Градите на Шеба“) и влегуваат во пештера каде го наоѓаат замрзнатиот труп на Хозе Силвестре португалски истражувач од 16 век кој ја нацртал картата со сопствената крв. Ги преминуваат планините и влегуваат во Кукуаналенд. Жителите имаат добро организирана војска и зборуваат на антички дијалект на Исизулу. Главен град на Кукуаналенд е Лу, дестинација на пат од античко време.
Групата е заробена од месното население и се изведени пред кралот Твала, безмилосен и насилен водач. Тој дошол на власт пред многу години откако го убил неговиот брат, претходниот крал, и ги протерал сопругата и малиот син на неговиот брат, Игноси, во пустината за да умрат.
Квотермејн и неговите пријатели откриваат дека Умбопа не е обичен водач, туку дека е изгубениот наследник на престолот. Умбопа, чиј вистински идентитет е Инфадус, организира бунт против Твала. Англичаните се придружуваат на војската на Игноси во бесна битка по која го соборуваат Твала, а Сер Хенри во дуел го обезглавува.
Англичаните го заробуваат Гагул, советничка на Твала, кој неволно ги води до рудниците на цар Соломон. Рудниците се наоѓаат во пештера, скриени длабоко во планините и е полна со злато, дијаманти и слонова коска. Таа се искрадува додека англичаните се восхитуваат на големото богатство и активира таен механизам што ја затвора камената врата од рудникот. Но, по кавга со Фулата - Кукуанка која се приврзала со Гуд откако го негувала поради повредите здобиени во битката од бунтот - Гагул е смачкана под вратата. По неколку очајни денови затворени во темната пештера, англичаните наоѓаат излез, носејќи со себе неколку џебови дијаманти од ризницата, доволно за да се збогатат.
Англичаните се збогуваат со тажниот Игноси кој за возврат им ветува дека засекогаш ќе бидат почитувани меѓу неговиот народ. Враќајќи се по друг пат, тие во оаза го наоѓаат братот на Хенри кој поради скршена нога не можел да ја напушти. Заедно се враќаат во Дурбан, а потоа и во Англија, доволно богати за удобен живот.
Книжевно значење и критика
уредиХагард го напишал романот како резултат на облог од пет шилинзи со неговиот брат, кој рекол дека не може да напише роман ни половина добар како Островот на богатството од Роберт Луис Стивенсон (1883).[2][3] Го напишал за кратко време[2] но сите издавачи на кој им бил понуден го отфрлиле. Бил објавен по 6 месеци, а Рудниците на цар Соломон станала најпродавана книга за таа година.[3]
Рудниците на цар Соломон создале нов жанр познат како „Изгубен свет“, кој ги инспирирал „Земјата што времето ја заборави“ од Едгар Рајс Бароуз, „Изгубениот свет“ од Артур Конан Дојл, „Човекот што ќе стане крал“ од Радјард Киплинг и At the Mountains of Madness од Хауард Филипс Лавкрафт.[4] Во Враќањето на Тарзан (1913), Едгар Рајс Бароуз претставил свој изгубен град Опар, во кој е очигледно влијанието на Рудниците на цар Соломон. (Опар на Бароуз наводно е ист како Библискиот Офир со кој тргувал кралот Соломон) Опар повторно се појавил во понатамошните романи за Тарзан.
Адаптации во други медиуми
уредиРоманот бил адаптиран за филм најмалку седум пати . Првата кино-адаптација (верзија на нем филм ) била режирана од Хорас Лисл Лукок во 1919 година (денес изгубена).[5] Најпознатата верзија била премиерно прикажана во 1950 година во режија на Комптон Бенет и Ендрју Мартон, по што следело продолжение, Watusi (1959). Во 2008 година била направена адаптација под наслов Алан Кватермејн и Храмот на черепите, која имала повеќе сличности со Индијана Џонс отколку со романот.
Исто така биле направени адаптации за стрип, телевизија и радио.
Наводи
уреди- ↑ „Review: King Solomon's Mines by H. Rider Haggard“. The Athenaeum (3027): 568. 31 October 1885.
- ↑ 2,0 2,1 Liukkonen, Petri. „Henry Rider Haggard“. Books and Writers (kirjasto.sci.fi). Finland: Kuusankoski Public Library. Архивирано од изворникот на 5 December 2006. Посетено на 29 December 2006.
- ↑ 3,0 3,1 Gerald Monsman (ed.), King Solomon's Mines, Broadview Press, 2002. ISBN 1-55111-439-9. Page 11.
- ↑ Robert E. Morsberger, "Afterword" in King Solomon's Mines Reader's Digest edition 1994. ISBN 0-89577-553-0
- ↑ „King Solomon's Mines“. IMDb.