Росиште
Росиште или точка на оросување — температура до која влажниот воздух мора да се олади (100% релативна влажност на воздухот), при постојан притисок, за да започне кондензацијата на водата. Оваа температура може да се постигне со ладење на воздухот до заситување со непроменета количина на водена пареа. Тогаш стварниот притисок на водената пареа станува еднаков на рамнотежниот притисок. При температура на точката на оросување или пониска температура, капките вода се создаваат со кондензација, на растенијата се појавува роса или слана, во зависност од тоа дали температурата на точката на оросување е повисока или пониска од 0 °C.
Температурата на росиштето е поврзана со влажноста на воздухот. Високата релативна влажност покажува дека температурата на росиштето е многу блиску. Релативна влажност од 100% покажува дека температурата на росиштето е еднаква на стварната температура и дека воздухот е максимално заситен со водена пареа.[1]
Температурата на росиштето е важна во воздухопловството, бидејќи пилотот може да пресмета кога ќе се појави мраз или магла на карбураторот и приближно може да ја пресмета висината на облаците.
Поврзаност со човековата удобност
уредиКога температурата на воздухот е висока, телото поради топлинска саморегулација користи потење за да се олади. Колку телото е потопло, толку посилно ќе биде потењето за да се одржи нормална телесна температура. Количината на потење зависи и од релативната влажност на воздухот. Ако воздухот е заситен со влага, потта нема да испари, што може да доведе до топлотен удар. Ако потта не може да испари поради заситениот воздух, човекот се чувствува непријатно. Ако воздухот брзо се отстранува од кожата, тогаш испарувањето на потта ќе биде побрзо, поради ветре или вентилатор, па лицето ќе се чувствува поудобно. Влажниот топломер користи и испарувачко ладење и затоа понекогаш се користи за одредување на степенот на удобност.
Непријатност се јавува и при многу ниски температури, под -30 °C, кога сувиот воздух може да предизвика пукање и иритација на кожата. OSHA (англиски:Occupational Safety and Health Administration Управа за безбедност и здравје при работа ) препорачува удобност помеѓу 20 и 24,5 °C, со релативна влажност од 20 до 60%.[2]
Луѓето кои се навикнати на континентална клима често се чувствуваат непријатно кога температурата на росиштетот достигне 15 до 20 °C.
Температура на росиштето °C | Човечко чувство за удобност [1] | Рел. влажност на 32 °C (90 °F) |
---|---|---|
>26 °C | Исклучително неугодно. Многу опасно за пациентите кои имаат астма | 65% и повеќе |
24 – 26 °C | Многу непријатно, многу одбивно | 62% |
21 – 24 °C | Дост влажно, прилично одбивно | 52% – 60% |
18 – 21 °C | Малку непријатно, за повеќето луѓе границата на непријатност | 44% – 52% |
16 – 18 °C | Во ред за повеќето, гранично влажно чувство | 37% – 46% |
13 – 16 °C | Удобно | 38% – 41% |
10 – 12 °C | Многу пријатно | 31% – 37% |
<10 °C | Малку суво за некои | 30% |
Мерења
уредиПостојат уреди за мерење на температурата на росиштето во широк опсег. Најчесто тие се состојат од полирано метално огледало по кое воздухот струи и го лади. Кога ќе се појават капки вода, се чита температурата на росиштето.
Пресметка на температурата на росиште
уредиМоже да се направи многу добра приближна пресметка за температурата на росиште Tr, ако се познати релативната влажност на воздухот RH и стварната температура на воздухот T, и таа изнесува:
каде:
температурата треба да биде изразена во °C, а ln се однесува на природниот логаритам . Константите се:
- a = 17,271
- b = 237,7 °C
Изразот се заснова на приближното пресметување на Огист-Рош-Магнус, за заситена водена пареа во воздухот, како функција од температурата. Важи за областа:[3]
- 0 °C < T <60 °C
- 1% < RH < 100%
- 0 °C < T r <50 °C
Едноставна приближна вредност
уредиМоже да се пресмета и едноставна приближна вредност за температурата на росиште, ако се познати температурата на сув термометар T и релативната влажност на воздухот RH . Точноста на овој израз е ±1 °C, ако релативната влажност е над 50%. Важи:
или
Од овој израз може да се изведе правило: за секои 1 ºC разлика помеѓу температурата на точката на оросување и температурата на сув термометар, релативната влажност се намалува за 5% .
Поточна вредност на температурата на росиште
уредиПресметка според NOAA (англ. National Oceanic and Atmospheric Administration Национална управа за океани и атмосфера ):
каде:
- RH релативна влажност, а е температурата на точката на росиште, во °C
- и се температурите на сув и влажен термометар, во °C
- притисок на заситената водена пареа, во милибари, при температура на сув термоемета
- притисок на заситена водена пареа, во милибари, при температура на влажен термометар
- вистински притисок на водена пареа, во милибари
- атмосферски притисок на местото каде што се мери влажниот воздух, во милибари (исто се h Pa ). .
За уште поголема точност, се користи Арден–Баковата равенка за пронаоѓање на притисокот на водена пареа.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Horstmeyer Steve: "Relative Humidity....Relative to What? The Dew Point Temperature...a better approach", publisher=Steve Horstmeyer, Meteorologist, WKRC TV, Cincinnati, Ohio, USA, 2006. 2009.
- ↑ OSHA
- ↑ "MET4 AND MET4A CALCULATION OF DEW POINT", publisher = Paroscientific, Inc. 4500 148th Ave. N.E. Redmond, WA 98052, 2007. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-01-13. Посетено на 2023-02-20.
- ↑ [1] Web Page listing various vapor pressure equations