Росици

поранешно село во Леринско, Егејска Македонија

Росици или Росавско — некогашно село во Леринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Суровичево, Западна Македонија, Грција. Претстанало да постои во XVII век заради негово поплавување од водите на Петерското Езеро.

Росици
Росици is located in Грција
Росици
Росици
Местоположба во областа
Росици во рамките на Суровичево (општина)
Росици
Местоположба на Росици во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.15′N 21°42.43′E / 40.73583° СГШ; 21.70717° ИГД / 40.73583; 21.70717
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаСуровичево
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Росици се наоѓало во северниот дел на Петерското Езеро, меѓу селата Пателе и Петерско.[1] Било сместено во југозападното подножјето на високиот рид Најдово Трло (896 м)[2]. Се наоѓало веднаш до денешното полуостровче Преображение на 3 км северозападно од Пателе, на кој стои параклисот „Св. Преображение“ изграден во 1929 г.

Историја

уреди

Месноста за првпат е населена во неолитско време, за што сведочи Пателската неолитска населба, населена од 5500 до 4500 г. п.н.е.[3] На самото место на Росици се откриени траги од раното бакарно време.[4][5]

На север се наоѓа возвишението Кале, на кое се наоѓала утврдена населба или воени објекти.

Според преданието, селото е потопено во втората половина на XVII век од надојдената вода на Петерското Езеро. Истовремено се поплавиле и селата Рудник и Острово, иако тие опстојуваат до денес.[1] Населението на Росици се преселило во Пателе.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. Рошвиц. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. „Άγιος Παντελεήμονας Αμυνταίου - Μεταμόρφωση Σωτήρος“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Посетено на 17 април 2022.[мртва врска]
  4. Kathimerini. „Forgotten necropolis. An unknown lakeside civilization reveals its hidden treasures“, 3 февруари 2007., Архивирано од изворникот на 7 јули 2007, Посетено на 12 март 2008
  5. Δήμος Αμυνταίου. Δημοτικό Διαμερίσμα Αγίου Παντελεήμονα, Архивирано од изворникот на 5 април 2007, Посетено на 9 март 2007