Петерско Езеро

езеро во Леринско, Егејска Македонија

Петерско Езеро (грчки: Λίμνη Πετρών, Лимни Петрон; старо Πετέρσκο[1]) — езеро во Леринско, Егејска Македонија, дел од групата на Егејските Езера.

Петерско Езеро
Λίμνη Πετρών
Карта на Петерско и Островско Езеро
Карта
Координати40°43′N 21°42′E / 40.72°N 21.70°E / 40.72; 21.70
Сливни земјиГрција
Најг. должина5,2 км
Најг. ширина4,2 км
Површина&1000000000000001230000012,3 км2
Најг. длабочина3-4 м
Надм. височина543 м
Населени местаПетерско

Езерото се наоѓа на териториите на Леринско, Општина Суровичево, во северниот дел на котлината Острово меѓу два крака на планината Ниџе. Надморската висина му изнесува 570-572 метри[1], површината околу 12 км,2 додека езерото е длабоко само четири метри. На брегот на езерото се наоѓа селото Острово, додека над езерото, на врвот на ридот се наоѓаат остатоците од тврдината која потекнува од владеењето на цар Самоил. Вкупната површина на тврдината изнесува околу 25 хектари.[2] Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, од каде што добива вода. Неговите води пак се влеваат во Островското Езеро. На западниот брег се наоѓа селото Петерско, а во југозападниот Суровичево.

Заедно со Островското Езеро сочинуваат екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи, риби. Овој простор е живеалиште на ретки и загрозени видови птици, од кои само во Петерското Езеро повеќе од 90 видови, како големиот корморан (Phalacrocorax carbo) и малиот корморан (Phalacrocorax pygmaeus). Се гнездат и ноќната чапја (Nycticorax nycticorax), жолтата чапја (Ardeola ralloides) и малата бела чапја (Egretta garzetta)[1]

Во 1977 г. Петерското Езеро е прогласено за место со посебна природна убавина.[3] Заедно со соседното Островско Езеро е вклучено во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1340004) и двете езера се прогласени за места од орнитолошка важнот (045).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 387. ISBN 978-960-86676-6-2.
  2. Александар Матески, „Островско и Петерско Езеро“, Економија и бизнис, година 27, број 319, 15 септември 2024, стр. 52.
  3. „ΥΑ Α/Φ31/23211/1747/1975/27-1-1977 - ΦΕΚ 86/Β/10-2-1977“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 24 март 2018.

Надворешни врски

уреди