Украински Роми

(Пренасочено од Ромите во Украина)

Украинските Роми како малцинство во државата за првпат биле документирани во раниот 14. век. Ромите ги одржуваат своите опшествени организации избегнувајќи ги контактите со оние коишто не се Роми. Ги усвоиле јазикот и верата на доминантното општество во поголемиот дел од Украина, католици во Западна Украина и Транскаптиа и ислам во Крим.

Роми во Лавов
Ромски деца во Транскарптија
Ромско малцинство во Транскарптија (попис 2001)
Ромско малцинство во Транскарптиа (попис 2001)

За време на Втората светска војна нацистите и нивните сојузници ги имплементирале нивните политики на истребување на Ромите од Украина. Се смета дека 12 000 Роми биле убиени за време на масакрот во Бабин Јар, Киев. Останатите поголеми погубувања се случиле во Крим, Подиље, Галиција и Волин. Во тој период, романската окупаторска влада депортирала 25 000 Роми од Романија во Приднестровие, преку реката Јужен Буг. Поради нечовечниот однос на романските власти, половина од нив исчезнале за време на депортацијата.

Демографија

уреди
  • Попис 1887: 12,000 роми во Руска Украина (без Галиција и Трансцарптиа)
  • Попис 1922: 60,000 роми во Украински ССР (без Галиција и Трансцарптиа)
  • Попис 1959: 28,000 роми во Украински ССР
  • Попис 1970: 30,100 роми во Украински ССР
  • Попис 1979: 34,500 роми во Украински ССР
  • Попис 2001: 47,600 роми во Украина.

Ромското население не е сконцентрирано во некоја одредена украинска област. Половина од нив живеат во урбаните (градски) средини, но само 35% го сметаат ромскиот јазик за нивни мајчин јазик. Нивната култура не се разликува премногу од доминантната украинска, освен во начинот на облекување. Ромите имаат богата фолклорна традиција, а нивното присуство на тие простори било евидентирано во голем број книжевни дела од страна на украинските писатели.

Терминот ром/и (украински: Ромá) не е генерално користен, прифатен или разбран во Украина, дури и од страна на Ромите. Тие се викани по терминот „Tsyhany“ (украински: Цигани).

Наводи

уреди

Поврзано

уреди