Ролшуи
Ролшуи (само множина), (германски: Rollschuh) – вид спортска опрема која се носи на нозете и чии два паралелни пара тркалца овозможуваат движење по рамно тло. Постојат и ролшуи кај кои е можно да се извади делот со тркалца и да се претворат во обични чевли, а подоцна повторно да се вратат.
Ролшуите се многу слични со ролерите, но постојат видливи разлики. Ролшуите вообичаено имаат два пара тркалца, додека ролерите имаат тркалца во една линија. Ролшуите даваат подобра потпора, додека ролерите кои обично се потесни и имаат продолжеток вон стапалата, овозможуваат побрзо движење.
Историја
уредиПрвите лизгалки со тркалца ги патентирал холандскиот виолинист и пронаоѓач Џон Џозеф Мерлин во 1760 година[1] Неговите лизгалки биле лизгалки за мраз кај кои површината за лизгање била заменета со две тркалца кои овозможувале движење (денешни ролери). Мерлин својот изум го претставил на маскенбал во Лондон. Мерлин свирел на виолина додека се движел на ролшуите, па во еден момент изгубил рамнотежа и паднал.[2] Движењето и застанувањето со овие лизгалки било тешко , па не биле популарни.
Во 1863 година, Џејмс Плимптон од Масачусетс го унапредил Мерлиновиот изум со промена на конфигурацијата на тркалцата, ставил два пара тркалца со различни оски.[3] Ваквите ролшуи биле полесни за управување заради поголемата стабилност која ја давале, па станале исклучително популарни. Врв на популарноста доживеале во триесеттите години на 20 век, а и денешните ролшуи се многу слични со Плимптоновите.
До 1956 година биле користени железни тркалца. После тоа биле воведени гумени кои наскоро биле заменети со пластични. Гумените и денес се користат на ролшуи за натпреварување.
Музејот на историјата на возење на ролшуи се наоѓа во градот Линколн во Небраска.[4]
Возење на ролшуи како спорт
уредиВозењето на ролшуи во почетокот било вид забава и рекреација, но со порастот на популарноста почнало да прераснува во спорт. Се развиле неколку дисциплини: трки на ролшуи, уметничко ролање и хокеј на ролшуи. Хокејот на ролшуи стекнал огромна популарност во осумдесеттите години, па како показен спорт бил присутен на Олимписките игри во 1992 година во Барселона[5]. Според истражување од 1999 година, бројот на лица кои играле хокеј на ролшуи бил преку 2,5 милиони. Хокејот на ролшуи бил предложен за постојан спорт за Олимписките игри во 2012 и 2016 година, но не поминал.[6] После овие дисциплини се појавиле и две нови: ритмичко-гимнастичко ролање и дерби на ролшуи.
Предности од возењето ролшуи
уредиСпоред податоците на Здружението за возење ролшуи, возењето ролшуи позитивно влијае на здравјето на корисникот. Возејќи ролшуи лицето изведува аеробик-вежби и согорува 350 калории при брзина од 10 км на час и 600 калории при брзина од 16 км на час.[7] Возењето ролшуи и ролери препорачува и Американското здружение за срце како добар вид вежба која позитивно влијае на работата на срцето.
Галерија
уреди-
Реклама за модел од раните години на 20 век кој се користи со обични чевли
-
Млада жена се вози на ролшуи покрај група жени борци за право на глас пред Белата куќа, 1917
-
Девојка на ролшуи, 1921
-
Вообичаен дизајн на ролшуи од 1960-тите
Наводи
уреди- ↑ Foot and ankle sports orthopaedics. Valderrabano, Victor,, Easley, Mark E. Cham, Switzerland. ISBN 3319157345. OCLC 972330993.CS1-одржување: друго (link)
- ↑ Soho Square Area: Portland Estate: Carlisle House, Soho Square', Survey of London: volumes 33 and 34: St Anne Soho (1966), стр. 73-79. URL: http://www.british-history.ac.uk/report.aspx?compid=41047 Архивирано на 23 септември 2011 г.
- ↑ US-Patent Nummer 37305 from 6. January 1863[мртва врска]
- ↑ Roller Skating Museum
- ↑ „Roller hockey“. Архивирано од изворникот на 5 април 2012. Посетено на 14 септември 2013.
- ↑ „Roller Skating Being Considered for Olympics“. Архивирано од изворникот на 16. 07. 2011. Посетено на 14. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Roller Skating Association“. Архивирано од изворникот на 5. 09. 2012. Посетено на 14. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help)
Литература
уреди- Turner, James; Zaidman, Michael (1997). The History of Roller Skating. National Museum of Roller Skating. ISBN 0-9658192-0-5.
- National Museum of Roller Skating: Homework Page Архивирано на 9 ноември 2005 г.
- United States Amateur Confederation of Roller Skating (1980). American Roller Skate Dancing Part I Bronze and Silver Dances Edition X. An Official USAC/RS Publication. стр. 9.
- Pickard, George (2010). Titans and Heroes of American Roller Skating. National Museum of Roller Skating.
- Russo, Tom, (2017) Chicago Rink Rats: The Roller Capital in Its Heyday. The History Press ISBN 978-1625859686
- 120 Hours Longest Non-Stop Relay Roller Skating Marathon World Records
- Non stop relay skating marathon by individuals, World Records
- „Inventor of the Week Archive: Scott & Brennan Olson (spelling corrected per rowbike.com -ed.)“. MIT School of Engineering. August 1997. Архивирано од изворникот на 2003-03-02. Посетено на 2007-02-25.
- John Joseph Merlin: the ingenious mechanick - Iveagh Bequest, Kenwood (London, England), Greater London Council. Public Relations Branch - Google Books. 1985. ISBN 9780716815822. Посетено на 15 September 2014.
- „PopSci Archive Viewer - Popular Science“. Popular Science. Архивирано од изворникот на 2014-02-20. Посетено на 15 September 2014.
- Guinness World Records (6 October 2007). „Human Powered Circumnavigations“ (PDF).
- AdventureStats by Explorersweb. „Global HPC – Human Powered Circumnavigations“. Explorersweb. Архивирано од изворникот на 2016-04-24. Посетено на 2021-03-19.<
- „O.C. woman breaks record for skating across U.S. - The Orange County Register“. The Orange County Register. Посетено на 15 September 2014.
- Cook, Nick (2000). Downhill in-line skating. Mankato, Minn.: Capstone Books. стр. 20–21. ISBN 978-0-7368-0482-0.
Надворешни врски
уреди„Ролшуи“ на Ризницата ? |
- "How Rink Rollers Are Made", by George W. Waltz – November 1951 article in Popular Science on how roller skates are manufactured
- Court Case Brought by Roller Skating Rinks About Taxes
- History of Roller Skating in Canada
- homepage for USA Roller Sports
- Roller Skating Museum