26 Прозерпина

астероид

Прозерпина (ознака за мала планета: 26 Прозерпина) — астероид од главниот појас откриен од германскиот астроном Р. Лутер на 5 мај 1853 година. Името го добил по римската божица Прозерпина, ќерката на Церера и кралицата на подземјето. Друг астероид од главниот појас, 399 Персефона, откриен во 1895 година, го носи името на нејзиниот грчки колега.

Овој објект кружи околу Сонцето со период од 4,33 години. Има големина на пресек од околу 90 км и каменски (S-тип) состав. Фотометриските набљудувања на овој астероид произвеле спротивставени проценки за вртежниот период. Период од 12,13 часа бил забележан во 1979 година, следен од 10,6 часа во 1981 година и 6,67 часа во 2001 година. Набљудувањата направени во 2007 година во опсерваторијата Оукли во Тере Хауте, Индијана создале светлинска крива со период од 13,06 ± 0,03 часа и варијација на осветленоста од 0,21 ± 0,01 во светлинска величина. Ова било потврдено со студија од 2008 година, давајќи период од 13.110 ± 0.001 часа.

Орбита на астероидот Прозерпина и неговата положба во Сончевиот Систем

Надворешни врски

уреди