Ричмонд Боаки ( англиски: Richmond Boakye  ; Агого, 28 јануари 1993 година ) — фудбалер од Гана . Тој игра на напаѓачката позиција и во моментов игра за ФК Црвена ѕвезда.

Ричмонд Боаки

Кариера

уреди

Младост

уреди

Фудбалот започна да го тренира во локалниот тим Бекам Јунајтед. После Бекам Јунајтед преминува во Ди Си Јунајтед (клуб на Гана). Извидниците на Џенова го забележале на младинскиот турнир во Виченца во 2008 година со што Боаки ја започнува својата европска авантура.

Џенова/ Сасуоло

уреди

За сениорите на Џенова, Боаки дебитирал на 3 април 2010 година и веднаш на дебито постигнува гол.[1] Тој одиграл 7 натпревари за Џенова во таа сезона. Следната сезона, Боаки оди на зајакнување во тогашниот италијански клуб Сасуоло.[2] На позајмицата во Сасуол, Боаки сјае и го покажува својот раскошен талент.

Овој талент го забележал и Алекс Фергусон и покажал завиден интерес за да го доведе Боаки меѓу „црвените ѓаволи“.[3] Сепак, Јувентус беше побрз и Старата дама откупила половина од договорот од Џенова. Поради тешката конкуренција во Торино, Јувентус го остави на нова позајмица во Сасуол, каде Боаки бил ударна игла во зелено-црните од Реџо Емилија на пат кон историска поставеност во Серија А. Во тие две години поминати во Сасуол на 68 натпревари, Боаки постигнал 23 голови и забележал 8 асистенции.

Елче

уреди

По епизодата во Сасуол во летото 2013 година, Боаки се пријавил за подготовките на Јувентус, но Антонио Конте сметал дека најдобро за него било да замине на нов заем. Најупорен бил шпанскиот Елче.[4] Боаки добро се снашол и во шпанската премиер лига. Тој изиграл 32 натпревари за Елче во таа сезона и постигнал шест гола во борбата на Елче за опстанок. Елче на крајот ја преживеа Примера лигата, но беше елиминирана од лигата поради финансиски проблеми.

Аталанта / Рода

уреди

Во летото 2014 година, Боачи се враќа во Италија, каде Аталанта целосно го презема својот договор и ја купува половината од Џенова за 1,3 милиони евра, а од Јувентус за 1,6 милиони евра.[5] Тој се појавил 22 пати за Аталанта во таа сезона и постигнал 5 голови. Следната сезона, Боачи бил испратен на нов заем, во холандскиот Род.[6] Колку добро што се снашол во Пример лигата, толку лошо се снашол во холандската Ередевизија. Тој не постигнал гол на 10 настапи и забележа само една асистенција за една полусезона.

Латина

уреди

Во јануари 2016 година, Аталанта го испраќа на нов заем во второлигашката Латина. За Латина тој постигнал 1 гол и игра на 17 натпревари, започнувајќи 8 натпревари од стартот. Во летото 2016 година, Латина го купила неговиот договор и тој станал официјален член на овој клуб.[7] За време на есенскиот дел од сезоната 2016/17 година тој излегува 16 пати на теренот и за 863 минути постигнал 3 гола и забележува една асистенција.

Црвената ѕвезда

уреди

На крајот на јануари 2017 година, Боачи дошол на едногодишен заем во Црвена звезда.[8] Тој своето деби го направил во првиот натпревар од пролетната сезона против Нови Пазар, а во следното коло, во неговиот втор натпревар за „црвено-белите“, постигна два гола за нивна победа од 3:0 над Бака.[9] Во текот на пролетниот дел од сезоната 2016/17 година тој постигнал 12 гола на 16 натпревари во лигата, а исто така има постигнато 12 голови на 4 настапи во Купот. Во јуни 2017 година, Латина прогласила банкрот, со што Боачи бил слободен играч. Боаки на 27 јуни 2017 година потпишал тригодишен договор со Црвена звезда.[10]

Во есенскиот дел од сезоната 2017/18 година Боаки продолжи со одличните натпревари. Тој постигнал дури 15 голови, на 14 шампионски натпревари, додека на 14 европски меча постигнал 8 голови. Со головите ги турнал „црвено-белите“ во групната фаза од Лигата на Европа, а подоцна и во шеснаесет финалето од натпреварувањето. Тој станал најдобриот странски стрелец во историјата на ФК Црвена ѕвезда.[11] Поради повреда, тој не играл во двомечот од шеснаесет финалето во Лигата на Европа против ЦСКА Москва.[12] Вкупно, тој постигна 39 голови на 48 натпревари во сите натпреварувања за Ѕвезда. На крајот на февруари 2018 година, ќе се пресели во кинескиот Тангсу.[13] Одиграл 15 шампионски натпревари за Тангсу во кои постигнал три гола пред да се врати во Црвена ѕвезда на 31 август 2018 година.[14]

Трофеи

уреди

Црвената ѕвезда

уреди

Наводи

уреди
  1. Prodigy Boakye scores in Serie A debut, modernghana.com Посетено на 1 март 2017.
  2. Boakye Yiadom loaned to Serie B side Sassuolo. (MTN Group) mtnfootball.com.
  3. „Manchester United step up pursuit of Juventus starlet Richmond Boakye“ (англиски). dailystar.co.uk. Посетено на 1 март 2017.
  4. „Richmond Boakye, refuerzo para la delantera“ [Richmond Boakye, reinforcement for the front]. Elche CF (шпански). elchecf.es. 28 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-31. Посетено на 28 август 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Relazione finanziaria annuale al 30 јуни 2015“ (PDF (1.24MB)) (италијански). Juventus F.C. 1 октомври 2015. Посетено на 11 октомври 2015.[мртва врска]
  6. „Richmond Boakye in prestito al Roda“ (италијански). Atalanta B.C. 31 август 2015. Архивирано од изворникот на 2015-09-02. Посетено на 28 август 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „Calciomercato, tutte le operazioni dell'Atalanta“ (италијански). Atalanta B.C. 1 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2016-02-02. Посетено на 28 август 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Ричмонд Боаћи потписао!“. crvenazvezdafk.com. Посетено на 1 март 2017.
  9. „Boaći: Golove posvećujem saigračima“. Вечерње новости. Посетено на 1 март 2017.
  10. „Боаћи ставио параф на трогодишњу верност Црвеној звезди (ВИДЕО)“. Спортски журнал. Посетено на 27 јуни 2017.
  11. „Вијеира и Каду су иза леђа: Ричмонд Боаћи најбољи страни стрелац у историји Црвене звезде“. mozzartsport.com. 26 октомври 2017. Посетено на 1 март 2018.
  12. „Сад и дефинитивно: Звезда без Боаћија на ЦСКА у Москви!“. Спортски журнал. 18 февруари 2018. Посетено на 1 март 2018.
  13. „ЗВАНИЧНО Ричмонд Боаћи више није играч Звезде, од сада ће да тресе мреже за Капела у Кини“. Блиц. 28 февруари 2018. Посетено на 1 март 2018.
  14. „Боаћи Звездин до 2021!“. mondo.rs. 31 август 2018. Архивирано од изворникот на 2018-09-01. Посетено на 1 септември 2018.

Надворешни врски

уреди