Ристо Илковски
Ристо Илковски (роден во 9 јануари 1930 година во село Иловица, Струмичко) — редовен професор на Земјоделскиот и Ветеринарниот факултет.[1]
Ристо Илковски | ||
Роден | 9 јануари 1930 Иловица, Струмичко, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | ветеринар |
Животопис
уредиРисто Илковски бил основач на ФВМ, каде што бил избиран за продекан и во два мандата за декан. Од 1962 година се вработил на Земјоделскиот факултет, каде што и докторирал (1969). Бил на специјализација во Холандија, на студиски престои во Германија, Финска, Грција, САД и во Мексико. Се залагал и успеал да создаде услови за отворање на Ветеринарната насока (1991/92), а бил и претседател на Матичната комисија за формирање на Ветеринарен факултет во Скопје. Работел во Деловниот сојуз за памук и свилена буба во Струмица, бил директор на Земјоделско стопанство „Хамзали” во Струмица. Објавил 120 научни и стручни труда.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илковски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 604. Text "series " ignored (help)