Ристо Брезјанин
Ристо Трифуновски Брезјанин (Брезно, тетовско, 1907 – Скопје, 1968) — македонски инфектолог.
Животопис
уредиРисто Брезјанин — роден во тетовското село Брезно во 1907 година. Тој е најстариот од трите браќа Ристо, Илија и Диме. Неговиот брат Илија Трифуновски 1913-1986 имал завршено Правен факултет во Белград и бил Републички Јавен обвинител во Социјалистичка Република Македонија а подоцна и еден од првите адвокати во Тетово. Диме Трифуновски, најмалиот брат, имал завршено кројачка академија во Париз и работел како дворски шнајдер при кралот на Кралевството на Југославија. За жал, Диме починал многу млад. Семејството на Ристо Брезјанин своите корени ги влече од старо словенско семејство од Лазарополе. Нивниот предок Јорго влегол во конфликт со Турците. Имено, се обиделе да му ги грабнат ќерките, при што Јорго во одбрана ги убил Турците, го запалил целиот свој имот во Лазарополе и потоа избегал на север сè до селото Теарце. Подоцна, и тука го пронашле Турците, поради што Јорго со семејството се преселил на падините на Шар Планина, во сливот на Теаречка Бистрица. Тука Јорго го оставил своето семејство а тој продолжил да бега од турскиот аскер, притоа криејќи се по густите шуми на шарпланинскиот предел. Бил опеан и во народна песна "доле Јорго, капа ти се гледа". Семејството Јорговци е основоположник на селото Брезно, за кое се велело "Брезно-комитско гнездо". При крајот на XIX век, семејството на Ристо се преселува во Тетово каде и ден-денес постои т.н. брезјанско маало. Ристо Брезјанин толку многу се гордеел со своите корени, што и своето презиме го променил од Трифуновски во Брезјанин. Медицински факултет завршил во Букурешт, Романија во 1934 година. Како општ лекар работел во Тетово. Подоцна доаѓа во Скопје и од 1944 година бил лекар на Интерното одделение на Земската болница. Го формирал Инфективното одделение, кое подоцна прераснува во Инфективна клиника на Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1948 година добил звање спец. инфектолог, а во 1958 примариус. Напишал повеќе учебници за Средното медицинско училиште, каде што предавал, и околу 70 труда за разни области на медицината и здравствената култура во Македонија, а во ракопис оставил Историја на медицината во Македонија.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Acta Historica medicinae, pharmaciae, veterinae“, Anno IX, 1-2, MCMLXIX, 29
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |