Ринкон де ла Вјеха

вулканска планина во Костарика

Ринкон де ла Вјеха (шпански: Rincón de la Vieja) — активен андезитски сложен вулкан кој се наоѓа во северозападна Костарика, околу 23 километри од Либерија, во покраината Гванакасте.

Ринкон де ла Вјеха
Поглед на Ринкон де ла Вјеха
Највисока точка
Надм. вис.1.916 м [1]
Координати10°49′48″N 85°19′26″W / 10.83000° СГШ; 85.32389° ЗГД / 10.83000; -85.32389[1]
Географија
Ринкон де ла Вјеха на карта

Карта

МестоГванакасте, Костарика
Геологија
Видсложен вулкан
Последен избув3 октомври 2017
Топла пролет во Националниот парк Ринкон де ла Вјеха, Костарика
Подробност од вулканот

Ринкон де ла Вјеха се наоѓа на 1.916 метри надморска височина, а нејзиниот врв е највисока точка во Националниот парк Ринкон де ла Вјеха. Неодамна избувнал во септември 2011 година. Вулканот има голем број на фумароли и топли извори на своите падини. Тој бил формиран од фелсична лава.

Ринкон де ла Вјеха е еден од шесте активни вулкани во Костарика: другите се Поас, Ирасу, Мираваљес, Аренал и Туриалба.

Од 2017 година, единствено Ринкон де ла Вјеха и Поас се сметаат за активни.

Геотермална енергија

уреди

Постојат голем број на топли базени и области на меурчиња во две области на падините на вулканот, што укажува на значителни резерви на геотермална енергија. Според истражувањата кои се спроведени на овие резерви, вулканот се проценува дека има генерирачки потенцијал од 140 мегавати. Сепак, со оглед на тоа што областа е заштитена во национален парк, дупчењето било ограничено само за тестирање на бунарите до 2001 година[2].

Во 2013 година, започнала изградбата на геотермална централа Лас Пајлас до 55 мегавати, финансирана делумно со кредит од Европската инвестициона банка[3][4].

Туризам

уреди

Вулканот Ринкон де ла Вјеха се наоѓа во Националниот парк Ринкон де ла Вјеха, кој опфаќа 12,759 хектари и помага да се заштитат двете планински шуми и џуџестите шуми. Патеките се протегаат од станицата Санта Марија, поминувајќи ги топлите извори и водопадите на патот. Цицачи во рамките на паркот вклучуваат мрзливци , тапири, пума, јагуар, говеда и мајмуни-пајаци[5].

Од 22 септември 2011 година, пристапот до кратерот веќе не е достапен поради ерупцијата на 16 септември, кога вулканскиот пепел и калта се зголемиле над 120 метри од редовната кратерска лагуна[6].

Неколку домови, одморалишта и хотели во областа нудат пешачење, јавање, сплаварење, возење со теренски возила и качување по ѕидови.

Активност

уреди

На 23 мај 2017 година[7] и 11 јуни 2017 година[8] се случиле ерупции и лахари протелке низ блиските реки.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Rincón de la Vieja“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2010-03-11. (англиски)
  2. Huttrer G.W. (2001), The status of world geothermal power generation 1995-2000, Geothermics, v.30, p.1-27
  3. „Geothermal power: Costa Rica's next clean energy solution? - Enchanting Costa Rica“. Enchanting-costarica.com. 29 August 2013. Посетено на 30 September 2017.
  4. [1]
  5. Stater, Adam. „Rincón de la Vieja National Park“. Anywherecostarica.com. Посетено на 1 October 2017.
  6. „Minaet limita acceso a cráter del Rincón de la Vieja por erupción“. Nacion.com. Архивирано од изворникот на 2012-01-02. Посетено на 30 September 2017.
  7. „Volcán Rincón de la Vieja lanza inesperada erupción freática“. nacion.com. Посетено на 30 September 2017.
  8. „Volcán Rincón de la Vieja generó erupción y lahares este domingo“. Nacion.com. Посетено на 30 September 2017.

Надворешни врски

уреди