Ридер (казашки: Риддер, Rıdder; руски: Риддер), порано познат како Лениногорск (руски: Лениногорск) — град во Источноказахстанска област во североисточен Казахстан. Неговото население е приближно 48 008 жители. Градот се наоѓа во југозападните планини Алтај и североисточно од главниот град на регионот, Оскемен, покрај реката Улба, на надморска височина поголема од 700 метри.

Ридер
Риддер
Град
Ридер
Ридер
Грб на Ридер
Ридер is located in Казахстан
Ридер
Ридер
Локација на Ридер во Казахстан
Координати: 50°21′N 83°31′E / 50.350° СГШ; 83.517° ИГД / 50.350; 83.517
Земја Казахстан
ОбластИсточноказахстанска
Основан1786
Статус на град1934
Управа
 • Akim (градоначалник)Димитри Анатолевич
Површина
 • Вкупна77,52 км2 (29,93 ми2)
Надм. вис.&10000000000000744000000744 м
Население (2019)
 • Вкупно48 008
Час. појасUTC+6 (UTC+6)
Пошт. бр.071300—071303
Повик. бр.+7 72336
Рег. таб.16
Мреж. местоhttp://www.ridder.gov.kz

Историја

уреди

Фактот дека Алтајскиот крај е богат со природни наоѓалишта е откриен за време на владеењето на царицата Катерина Велика. Историјата на Ридер започнала во 1786 година кога 9 баталјони биле испратени во регионот Алтај да бараат наоѓалишта на природни ресурси. На чело на еден од овие баталјони бил офицер, Филип Ридер. На 31 мај 1786 година, тој пронашол многу богат депозит на злато, сребро и други метали. Истата година, во летото, основана е населба и го добива името Ридерска јама.

Во 1879 година примероци од рудите од Ридер, биле вклучени во музејската колекција на Стокхолмскиот кралски институт.

На 10 февруари 1934 година, населбата Ридер беше прогласена за град. Во 1941 година, непосредно пред Хитлер да го нападне Советскиот Сојуз, градот Ридер беше преименуван во Лениногорск (во чест на Ленин).

За време на советскиот период, Лениногорск забележа значителен индустриски раст. Изградени се неколку фабрики- фабриката за олово беше една од првите фабрики за обоената индустрија во Казахстан, додека хидроцентралата Лениногорски беше единствената во Казахстан и втората во Советскиот Сојуз. Изградени се уште неколку рудници и фабрики, вклучувајќи фабрика за цинк, а во овој период беше отворен и универзитет за рударство и металургија.

За време на Втората светска војна, Лениногорск произведе околу 50% од висококвалитетното олово во целиот Советски Сојуз. Во 2002 година градот го врати своето оригинално име - Ридер.

Географија

уреди

Сместен е на Алтајските Планини во подножјето на сртот Ивановски, во горниот тек на реката Улба (притока на реката Иртиш). Надморска височина во различни делови на градот се движи од 700 до 800 метри надморска височина.

Клима

уреди

Климата на Ридер е умереноконтинентална, со изразено влијание на надморската височина. Зимата е прилично долга, студена, со изобилство на снежна покривка; летото е прилично кратко и не е топло, со чести дождови, најтопол месец е јули. Нема изразена сезона на врнежи, релативната влажност варира од 50-60% во рана есен до 85-90% во рана пролет.

Население

уреди

На почетокот на 2019 година, населението на градот изнесувало 48 008 жители, додека на метро областа на градот Ридер живееле 57 107 лица.

Година Население
1970 72 074
1979 68 135
1989 68 706
1991 69 500
1999 56 269
2004 52 567
2008 49 666
2012 49 356
2016 49 673
2019 48 008

Етнички состав

уреди

Етничкиот состав на жителите на Ридер (на почетокот на 2020 година):

Народ Вкупно Удел (%)
Руси 46 392 81.24
Казаци 8 691 15.22
Германци 563 0.99
Татари 525 0.92
Украинци 186 0.33
други 750 1.31
вкупно 187 690 100.00

Економија

уреди

Ридер е центар на рударската индустрија и преработката на обоени метали. Другите гранки на индустријата ги вклучуваат дрвната и текстилната индустрија, производство на храна и машинско инженерство.

Транспорт

уреди

Европската рута Е40, со потекло од Кале, Франција, го има својот источен крај во Ридер. Долга над 8.000 километри (5.000 милји), таа е најдолгата европска рута.

Спорт

уреди

Во март 2013 година, Ридер беше домаќин на Светското првенство во скијање.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди