Религија во Литванија

Верници во Литванија
Римокатолици
  
79 %
Православни
  
4,5 %
Други христијани
  
1,75 %
Муслимани
  
0,08 %
Евреи
  
0,04 %
Други околу
  
1,5 %
Нерелигиозни
  
9,5 %

Најголемиот дел од верниците во Литванија се римокатолици.

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,,[1]

  • 49% од литванските граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
  • 36% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила".
  • 12% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".

Христијанство

уреди

Римокатоличка црква

уреди
 
Вилниушка катедрала

79% од Литванците припаѓаат на Римокатоличката црква.[2] Некои католички свештеници пружиле отпор на комунистичкиот режим кој продолжил да постои по независноста.

Во близина на Шиулај се наоѓа Ридот на Крстовите, нарекуван и храм на антикомунистичкиот отпор. Латинските крстови биле забраниети од страна на Руската Православна кон крајот на 19 век. Советските власти продолжиле со забраната.

Православие

уреди

Вкупниот број на православни верници во земјата е околу 4.5%, претежно Руси.[2]

Протестантство

уреди

Вкупниот број на протестанти е 0,8% од вкупниот број на население, претежно на Евангелската Лутеранска црква на Литванија [2].

Постојат и мали протестантски заедници во северните и западните делови на земјата. Самогитија била историски позиционирана помеѓу двете германски држави под контрола на Ливонија на север и Источна Прусија. Во 16 век, од овие два региони започнало да се шири Лутеранство. Мнозинството од пруските Литванци кои живеат во Источна Прусија и во Мемеланд се членови на Пруската Евангелистичка црква. По 1945 бројот на верниците на Лутеранскиот протестантство во Литванија се намалил.

Во земјата од 1990 година опстојуваат и Обединетите методисти[3], Баптистичката црква[4] и Менонитите[5] .

Ислам

уреди

Во Литванија, исламот има долга историја за разлика од многу други северните европски земји. Во времето на Големото Кнежевство Литванија и Полско-литванската Државна Заедница на јужните делови од земјата се населиле кримските Татари [6] Денеска овие Татари се нарекуваат Литвански Татари.

Јудаизам

уреди

Според пописот од 2001 година, вкупниот број на евреи бил 1.272.[7]

Наводи

уреди
  1. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.
  2. 2,0 2,1 2,2 (литвански) „Romos katalikų daugiausia“ (PDF). Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania. 2002-11-07. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2009-10-23.
  3. (англиски) United Methodists evangelize in Lithuania with ads, brochures
  4. (англиски) Baptist beginnings in Lithuania Архивирано на 3 јануари 2020 г..
  5. (англиски) Graduation: Lithuania Christian College Архивирано на 21 јуни 2007 г.
  6. Islamic peoples of the Soviet Union, by Shirin Akiner, pg. 85
  7. (литвански) „Gyventojai pagal tautybę ir tikybą“. Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania. Архивирано од изворникот на 2013-05-28.