Религија во Кипар

Верници во Кипар
Православни
  
79,3 %
Муслимани
  
18 %
Римокатолици
  
1 %
Хиндуисти
  
0,1 %
Други
  
0,3 %

Поголемиот дел од Кипарските Грци, а со тоа и мнозинството од населението на Кипар, се членови на автокефалната Кипарска православна црква, додека кипарските Турци се претежно муслимани. Според Евробарометар 2005 година [1], Кипар е една од најголемите религиозни земји во Европа, заедно со Турција, Малта, Романија, Грција и Полска. Освен православните христијани и муслиманските заедници, во земјата живеат и помали религиозни заедници како бахаите, евреите, протестантска, католичка, маронити и членови на Ерменската апостолска црква.

Кипарска православна Црква

уреди

Најголемата црква во Кипар е Кипарската православна црква. Таа се има здобиено со автокефалност и истата е признаена од страна на Вселенскиот Патријарх во Цариград, задржувајќи ја комплетната административна автономија на својот архиепископ. Големиот раскол, која довела до поделба на црквата на католичка и православна, имала големи последици за Кипарската црква. Во времето кога земјата била под контрола на Венецијанската Република, црвата била под големо влијание на Папата. По заземањето на островот од страна на Османлиите, црквата имала своја автономија и право на религиозен обред. По основањето на државата, архиепископот Макариос III бил избран за претседател на републиката и на таа позиција се задржал до неговата смрт во 1977 година. Негов наследник бил Кристостомос, кој управувал до 2006 година.

Ислам

уреди

Исламот во Кипар бил воведен кога калифот Утман го освоил Кипар во 649. Муслиманите се населиле скоро на целата територија на Кипар, но по настаните од 1974 година тие главно се концентрирани во Северен Кипар.

До 1974 година, кипарските Турци (со муслиманската заедница на Кипар) се околу 18% од населението на островот или околу 264.172 Муслимани. На островот има неколку важни исламски исламски храмови вклучувајќи ја Хала Султан Теќе / Ум Харам џамија во Ларнака и џамијата Семикије.

Маронити

уреди

Во Кипар живеат и околу 20.000 Маронити, а нивното потекло води од Либан.

Римокатолици

уреди

Католичката црква на Кипар е дел од Римокатоличката црква, под духовно водство на папата во Рим. Нивниот број се движи околу 10.000 или околу 1% од вкупното население. Повеќето католички верници се или Маронити со сопствен архиепископ, или Латини, под Патријаршијата во Ерусалим.

Хиндуисти

уреди

Евреи

уреди

Наводи

уреди
  1. http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_225_report_en.pdf Social values, Science and technology. Eurobarometer 2005. TNS Opinion & Social