Религиозен феминизам
Феминистичка теологија — движење во неколку религии, вклучувајќи го Будизмот, Христијанството, Јудаизмот, Исламот, Хиндуизмот, Сикизмот, со цел да ги преиспита традициите, практиките, списите, и теологиите на религиите од феминистичка перспектива. Некои од целите на феминистичката теологија вклучуваат зголемување на улогата на жените во свештенството и религиозните власти, реинтерпретација на сликите и јазикот за Бога доминирани од мажи, утврдување на местото на жените во однос на кариерата и мајчинството, како и проучувањето на сликите од жени во светите текстови за религијата и матријархалната религија[1].
Сикизам
уредиВо сикизмот жените се рамноправни со мажите, според стихот од Сикската страница на Гуру Грант Сахиб:
Од жена, мажот е роден; во жена, мажот е создаден; со жена тој е во брак. Жената станува негов пријател; Преку жената, доваѓаат идните генерации. Кога неговата жена умира, тој бара друга жена; за жената тој е обврзан. Па зошто ја нарекуваат лоша? Од неа кралевите се родени. Од жена жена се раѓа. Без жената, не би имало никој воопшто." - Гуру Нанак
Будизам
уредиБудистичкиот феминизам е еден аспект на феминистичката теологија која има за цел да ја унапреди рамноправноста на мажите и жените морално, социјално, духовно од будистичка перспектива. Будистичката феминистка Рита Грос го опишува будистичкиот феминизам како "радикалната практиката на ко-хуманоста на жените и мажите."
Хиндуизам
уредиВо Античкиот хиндуизам, жените имале еднаква чест како и мажите. Манусмрити на пример, кажува: Општество кое обезбедува почит и достоинство на жените цвета со благородништво и просперитет. А општеството кое не ги става жените на таков висок пиедестал мора да се соочува со беди и неуспеси без оглед на тоа колку многу благородни дела ќе извршуваат поинаку. Манусмрити Глава 3 стих 56.
Во рамките на Ведите - светите хиндуистички текстови, на жените им било дадено најголемото можно почитување и еднаквост. Во оваа прекрасно лирска слока од Атарваведата јасно се наведува дека жената води и мажот следува: "Богот на сонцето ја следи прватата просветлена божица Уша (зора) на ист начин на кој мажите ги емулираат и следат жените." Атарваведа Самхита, дел 2, Канда 27, Сукта 107, слока 5705.
Жените биле сметани за олицетворение на голема доблест и мудрост. Со преминување кон монотеистичката ера на хиндуизмот со идеали како што се Шаивизам и Ваишнавизам, специфично божество за феминистичките обожавувања било воведено под гранката Шактизам. Во хиндуизмот жените се еднакви во сите мерки со мажите.
Неопаганство
уредиНекои струи на Неопаганството, особено Виката, имаат дитеистички концепт за единствена божица и единствен бог, кои во Хиерос Гамос претставуваат обединети како целина. Политеистичките реконструктионери се фокусираат на реконструкција на политеистичката религија, вклучувајќи различни божици и фигури поврзани со домородните култури.
Терминот теалогија понекогаш се користи во контекст на неопаганистичкото движење на Божицата, игра на зборовите теологија и Теа (божица), со намера да предложи феминистички пристап кон теизмот.
Движењето на Божицата е лабава групација на социјални и религиозни феномени кои произлегле од вториот бран на феминизмот, претежно во Северна Америка, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд во 1970-тите. Поттикнати од перцепцијата дека жените не биле третирани рамноправно во многу религии, некои жени се свртиле кон Женско Божество, кое било повеќе во склад со нивните духовни потреби. Обединувачка тема на ова разноврстно движење е тоа што Божеството е жена (во контраст со патријархалниот Бог).
Верувањата за Божицата преземале многу форми: некои луѓе во движењето на Божица признавале повеќе божици; некои, исто така вклучуваат и богови; други ја славаат "Божицата", термин на кој не се гледа како монотеистички, но често е разбран како инклусивен, опфаќајќи многу божици во многу различни култури. Терминот "Божицата", исто така, може да се однесува на концептот за Единствената Божествена Моќ, или на традиционално славената "Голема Божица" од древните времиња.
Во вториот дел од 20 век, феминизмот бил влијателен во подемот на Неопаганството во САД, а особено во Дијанската традиција. Некои феминистки сметале дека обожувањето на божица, а не бог, е согласно со нивните ставови. Другите биле политеисти и славеле голем број на божици. Колективниот збир за верувања поврзани со ова понекогаш е познат како Теалогија и понекогаш се нарекува движењето на Божицата. Најпозната е Дијанската Вика.
Слично
уредиНаводи
уреди- ↑ „What Is Feminist Theology?“. Voices of Sophia. 2008-12-18.