Исламски феминизам

Исламскиот феминизмот е форма на феминизмот кој се занимава со улогата на жените во исламот. Тој има за цел да постигне целосна рамноправност на сите муслимани, независно од полот, во јавниот и приватниот живот. Исламските феминистки се залагаат за правата на жените, половата еднаквост и социјалната правда втемелени во исламска рамка. Иако се вкоренети во исламот, пионерите на движењето, исто така користат секуларни, Западни, или на друг начин немуслимански феминистички дискурси, и ја признават улогата на исламскиот феминизам како дел од интегрираното глобално феминистичкото движење.[1]

Симбол за исламскиот феминизам

Застапниците на движењето бараат да се нагласуваат длабоко вкоренетите учења за еднаквост во религијата, и да се поттикне преиспитување на патријархалната интерпретација на исламската наставата преку Куранот (светата книга), Хадисот (изреките на Мухамед) и Шеријатот (законот) кон создавање на поеднакво и праведно општество.[2]

Муслиманските земји имаат произведено неколку женски претседатели, премиери, државни секретари: Лала Шовкат на Азербејџан, Беназир Буто во Пакистан, Мејм Мадиор Бој на Сенегал, Тансу Чилер на Турција, Каквиша Јашари од Косово и Мегавати Сукарнопутри на Индонезија. Бангладеш е втората земја во светот (по Марија и Елизабета I во 16 век во Англија) да имаат на чело една жена после друга, тие две се Каледа Зија и Шеик Хасина, кои владееле со земјата како премиери од 1991 година, подолго отколку што мажите успеале, што го направи Бангладеш уникатен во историјата на републиките во светот.[3]

Наводи уреди

  1. „International Congress on Islamic Feminism“. Архивирано од изворникот на 2008-05-09. Посетено на 2014-08-08.
  2. „Al-Ahram Weekly | Culture|Islamic feminism: what's in a name?“. Архивирано од изворникот на 2015-03-20. Посетено на 2014-08-08.
  3. „Who owns Bangladesh?“. The Economist. August 21, 2013. Посетено на December 2, 2013.