Теорија за релативноста

(Пренасочено од Релативност)

Теорија за релативноста — теорија во физиката што впрочем опфаќа две теории од Алберт Ајнштајн: Специјалната и Општата теорија.[1] (Со поимот релативност може исто така да се опише една од постарите теории т.е. Галилеева релативност.)

Дводимензионална проекција на тридимензионалната претстава за време-просторот опишан од општата теорија за релативноста

Основните цели на Теоријата за релативноста се:

Поимот „теорија за релативноста“ е заснован на „релативна теорија“ во германскиот јазик (Relativtheorie) израз употребен од Макс Планк во 1906 г. кој објаснува како теоријата го употребува начелото на релативноста. Во расправата во истиот труд Алфред Бухерер за првпат го употребил изразот „теорија за релативноста“ на германски јазик (Relativitätstheorie).[2][3]

Опфат

уреди

Теоријата за релативноста ја преобличи теориската физика и астрономијата за време на XX век. Кога првпат беше објавена, и ја надмина 200 годишната теоријата на механичките движења создадена од Исак Њутн.[4][5][6]

Во полето на физиката, релативноста придонесе за подобро и поедноставно разбирање на појавите како што се: науката за елементарните честички и нивните основни заемодејства, кои знаења доведуваат до создавањето на јадрената ера. Со помош на релативноста, космологијата и астрофизиката ги предвидоа астрономските појави како што се неутронските ѕвезди, црните дупки и гравитациските бранови.[4][5][6]

Преглед на двете теории

уреди

Теоријата за релативноста содржи повеќе од една физичка теорија во себе. Постојат неколку објаснувања за ова. Прво, специјалната теорија за релативноста беше објавена во 1905 г. а конечниот облик на општата теорија за релативноста беше објавен во 1916 г.[4]

Второ, специјалната релативност се применува кај елементрните честички и нивните заемодејства, додека пак општата релативност се применува во космологијата и астрофизиката како и во астрономијата.[4]

Трето, специјалната релативност беше целосно прифатен од заедницата на физичарите до 1920 г. Оваа теорија забрзано стана значаен и потребен алат за теоретичарите и опитниците во новите полиња на атомската физика, јадрената физика и квантната механика. Општата релативност, се покажал дека е неупотреблив. Се покажало дека има мала применливост во опитите бидејќи скоро сите примени биле со астрономски големини. Се чинела ограничена за правење на мали незначајни исправки на предвидувањата на Њутновата теорија за гравитацијата.[4]

Конечно, математиката на општата релативност се покажала како многу тешка. Како последица теоријата била позната на одрден број на луѓе, и постоеле само неколку луѓе кои целосно ја разбирале општата теорија, но сето ова за теоријата било негирано од Ричард Фајнман. Околу 1960 г. се засилува интересот за општата релативност со што теоријата има централно значење во физиката и астрономијата. Новите математички методи кои се применети во општата релативност значително ги олесниле пресметките. Одовде се добиени најразлични физички концепти. Исто така со откривањето на нови астрономски појави, во кои општата релативност е од важност го засилија интересот за теоријата. Вакви астрономски појави биле квазарите (1963 г.), 3 К микробраново позадинско зрачење (1965 г.), пулсарите (1967 г.), и со откривањето на првите кандидати за црна дупка (1981 г.).[4]

Нешто за Теоријата за релативноста

уреди

Ајнштајн тврдел дека Теоријата за релативноста припаѓа на класа од на „начела-теории“. И како таква користи аналитички метод. ова значи дека поединечните делови на теоријата не се засновани на претпоставки туку на искуствени откритија. Искуствените откритија довеле до разбирање на општите особини на природните процеси. Математичките модели кои се добиени ги претвораат природните процеси во теориско-математички записи. Затоа, со помош на аналитички средства се обезбедуваат потребните услови. Одделни случаи мора да ги задоволат овие услов. Искуствено добиените резултати се поклопуваат со овие услови.[7]

Специјалната теорија за релативноста и Општата теорија за релативноста се поврзани. Како што ќе биде пообјаснето подолу, Специјалната теорија за релативноста се применува на сите физички појави освен на гравитацијата. Општата теорија го објаснува законот за гравитација и неговиот однос со останатите сили на природата.[7]

Специјална теорија за релативноста

уреди

Специјалната теорија е теорија за структурата на време-просторот. Била промовирана од Ајнштајн во неговиот труд од 1905 г. „За електродинамиката и телата во движење“ (за придонесите на други физичари Видете Историја на специјалната теорија). Специјалната теорија се заснова на два постулати ки се во спротивност со класичната механика:

  1. Законите од физиката се исти за сите набљудувачи истовремени движења релативни едни на други (начело на релативноста).
  2. брзината на светлината во вакуум е иста за сите набљудувачи, без разлика од релативното движење или движењето на светлинскиот извор.

Добиената теорија се справува подобро со опитите отколку класичната механика, на пример во Мајкелсон–Морлиевиот обид кој го потврдува вториот постулат, но има и многу неочекувани последици. Некои од нив се:

Главната особина на специјалната релативност е замената на Галиелевите трансформации на класичната механика со Лоренцовите трансформации. (Видете Максвелови равенки и електромагнетизам).

Општа теорија за релативноста

уреди

Општата релативност е теорија за гравитацијата развиена од страна на Ајнштајн во периодот од 1907-1915 г. Развојот на Теоријата за општата релативност започнува со начелото на еквивалентноста, кој вели дека забрзаното движење и стоењето во едно место при гравитациско поле (на пример кога стоиме на површината на Земјата) се физички подеднакви. Поволноста на ова тврдење е дека слободниот пад е инерцијално движење: тело при слободен пад паѓа бидејќи таков е начинот на кои телата се движат кога постои отсуство на сила која би дејствувала на телата, наместо да се смета дека тоа е поради гравитацијата како што е случајот во класичната механика. Ова не е во согласност со класичната механика и Специјалната релативност бидејќи во овие теории телата кои се движат инерцијално не можат да забрзуваат во споредба едни со други, но телата во слободен пад го можат тоа. За да ја разјасни оваа потешкотија Ајнштајн првично предложил дека време-просторот е закривен. Во 1915 г. ги запишал Ајнштајновите равенки кои се поврзани со закривеноста на време-просторот во однос на масата, енергијата и импулсот.

Некои од последиците на општата теорија за релативноста се:

технички, општата релативност е теорија на гравитацијата чија дефинирачка особина е употребата на Ајнштајновите равенки. Решенијата на равенките се метрички тензори кои ја дефинираат топологијата на времепросторот и како телата се движат инерцијално.

Опитни докази

уреди

Проверка на Специјалната релативност

уреди
 
Изглед на Мајкелсон–Морлиевиот опит

Како и сите проверливи научни теории, Теоријата за релативноста обезбедува предвидувања кои можат да бидат научно испробани. Во случајот на Специјалната теорија тоа се: начелото на релативноста, постојаноста на брзината на светлината и временското стеснување.[9] Предвидувањата на Специјалната релативност се потврдени со бројни проби од моментот кога Ајнштајн го објаавил својот труд во 1905 г. но три опити кои се изведени во периодот од 1881 до 1938 г. се однајголема важност за потврдување на веродостојноста на теоријата. Ова се трите обиди Мајкелсон–Морлиевиот опит, Кенеди-Торндајковиот опит, и Ивес-Стивеловиот опит. Ајнштајн ги добил Лоренцовите трансформации од првите начела во 1905 г. но овие три опити дозволија од резултатите да се добијат трансформациите како опитни докази.

Максвеловите равенки – основата на класичниот електромагнетизам – ја опишуваат светлината како што истаат се движи со својата постојана брзина. Современото гледиште е дека на светлината не и е потребна средина за да се движи, но Максвел и неговите современици биле убедени дека светлината се движи во средина на начин како што звукот се движи низ воздухот, брановите се движат по површината на барата. Оваа хипотетичка средина се нарекувала етер, која мирувала во однос на „статични ѕвезди“ и низ кој Земјата се движи. Френеловата претпоставка за делумно завлекување на етерот го исклучувала мерењето на ефектите на величината од прв ред (v/c), иако постоелеможност за набљудувања на ефекти од втор ред (v2/c2), Максвел сметал дека овие ефекти се премногу мали за да бидат забележани од тогашната технологија.[10][11]

Мајкелсон–Морлиевиот опит бил осмислен да ги забележи ефектите од втор ред во „струењата на етерот“ – движењата на етерот релативно во однос на Земјата. Мајкелсон осмислил инструмент наречен Мајкелсонов интерферометар со кој би ги извршил мерењата. Справата била доволно прецизна за да ги забележи овие ефекти,но не добил никакви резултати кога го извел опитот во 1881 г.[12] и повторно во 1887 г.[13] Иако не успеал да го забележи струењето на етерот, tрезултатите биле прифатени од научната средина.[11] Во обид да го спаси тврдењето за етерот, Фитцџералд и Лоренц независно создале Ад-хок хипотеза во која должината на материјалните тела се менуваспоред начинот на движењето низ етерот.[14] Ова е зачетокот на Фитцџералд–Лоренцовото стеснување, но нивната хипотеза немала теориска основа. Толкувањето на нултиот резултат на Мајкелсон–Морлиевиот опит е дека времето потребно за изминување на кружниот пат за светлината е изотропен (независен од насоката), но резултатот сам по себе не е доволен за да се прифати или отфрли Теоријата за етерот и предвидувањата на Специјалната теорија за релативноста.[15][16]

 
Кенеди-Торндајковиот опит прикажан со интереферентните прстени.

Додека Мајкелсон–Морлиевиот опит покажал дека брзината на светлината е изотропна, не покажал ништо за тоа како големината на брзината се менува (ако и воопшто се случува) во различни инерцијали појдовни системи. Кенеди-Торндајковиот опит бил осмислен токму за таа цел, и за првпат бил изведен во 1932 г. од страна на Рој Кенеди и Едвард Торндајк.[17] И тие добиле нула какао резултат, и заклучиле дека „не постои ефект... освен во случајот кога брзината на сончевиот Систем во просторот е помалку од половина од брзината на Земјата во сопствената орбита“.[16][18] Таа можност се сметала за премногу за да обезбеди прифатливо објаснување, па од добиениот резултат со вредност нула се заклучува дека временскиот период потребен на светлината за изминувањето на кружниот пат на светлината е подеднаков во сите правци на инерцијалните појдовни системи.[15][16]

Ивес-Стивеловиот опит за првпат бил изведен од Херберт Ивес и Г.Р. Стивел first во 1938 г.[19] и повторно со подобрена прецизност во 1941 г.[20] Бил осмислен да го испробува Доплеровиот ефектцрвеното поместување на светлината на подвижен извор во насока нормална на сопствената брзина – што и било предвидено од Ајнштајн во 1905 г. Целта била да се споредат набљудуваниите Доплерови промени со она што било предвидено од Класичната теорија, и да се добие Лоренцовиот фактор за исправки. Ваква исправка била набљудувана, од која се заклучува дека честотата на подвижен атомски часовник се менува според Специјалната теорија за релативноста.[15][16]

Овие класични опити се повторени многупати со зголемена прецизност. Други опити се, на пример, пробите дека релативистичката енергија и импулс се зголемуваат при големи брзини, временското стеснување на подвижните честички, и современите потраги за прекршување на Лоренцовите трансформации.

Проверка на Општата релативност

уреди

Општата релативност била потврдена многупати, извршените опити се: перихеловата прецесија на орбитата на Меркур, закривувањето на светлината од страна на Сонцето и гравитациското црвено поместување на светлината. И други опити го потврдиле Начелото на еквивалентноста и завлекувањето на инерцијалните појдовни системи.

Историја

уреди

Историјата на Специјалната теорија се состои од многу теориски резултати и искуствени резултати добиени од страна на Алберт Абрахам Мајкелсон, Хендрик Лоренц, Анри Поанкаре и останатите. Сето тоа сдовело до создавањето на Специјалната теорија за релативноста предложена од Алберт Ајнштајн, и последователната работа на Макс Планк, Херман Минковски и други.

Општата релативност (ОР) е Теорија за гравитацијата кој била развиена од страна на Алберт Ајнштајн меѓу 1907 и 1915 г. и со придонеси од многу други по 1915 г.

Моментално, може да се каже дека не се работи само за едноставен теориски научен интерес или потреба од опит потврда, анализата на релативистичките ефекти за мерење на времето е важно практичен инженерски проблем при работата на глобалниот положбен систем како што се ГПС, ГЛОНАСС, и системот кој се гради „Галилео“, како и високо прецизното расејување на времето.[21] Инструментите како што се електронските микроскопи па сè до забрзувачите на честички едноставно не би работеле ако не се земени предвид релативистичките ефекти.

Секојдневни примени

уреди

Теоријата за релативноста е употребена во многу современи електронски уреди како што се глобалниот положбен систем (ГПС). ГПС-системите се направени од три дела, контролен дел, просторен дел и дел за употреба. Просторниот дел со состои од сателити кои се поставени во специфични орбити. Контролниот дел се состои од станица до која сите податоци се испраќаат од просторната компонента. Многу од релативистичките ефекти кои се случуваат во ГПС-системите. Бидејќи секој од деловите е во различен појдовен систем, сите релативистички ефекти треба да се земат предвид за да ГПС работи прецизно. Часовнивците кои се користат во ГПС треба да се синхронизирани. Во ГПС-системите, а треба да се земе предвид и гравитациското поле на Земјата. ГПС-системите работат толку прецизно благодарение на Теоријата за релативноста.[22]

Различни гледишта

уреди

Не сите Ајнштајнови современици ги прифатиле неговите теории. Но денес, теоријата се смета за основа на современата физика.

Иако е широко прифатено дека Ајнштајн е создавачот на Теоријата за релативноста и неговото современо разбирање, некои веруваат дека други се заслужни за нејзиното настанување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Einstein A. (1916 (translation 1920)), Relativity: The Special and General Theory , New York: H. Holt and Company Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Planck, Max (1906), „Die Kaufmannschen Messungen der Ablenkbarkeit der β-Strahlen in ihrer Bedeutung für die Dynamik der Elektronen (The Measurements of Kaufmann on the Deflectability of β-Rays in their Importance for the Dynamics of the Electrons)“, Physikalische Zeitschrift, 7: 753–761
  3. Miller, Arthur I. (1981), Albert Einstein's special theory of relativity. Emergence (1905) and early interpretation (1905–1911), Reading: Addison–Wesley, ISBN 0-201-04679-2
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Will, Clifford M (August 1, 2010). „Relativity“. Grolier Multimedia Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 2020-05-21. Посетено на 2010-08-01.
  5. 5,0 5,1 Will, Clifford M (August 1, 2010). „Space-Time Continuum“. Grolier Multimedia Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 2013-01-25. Посетено на 2010-08-01.
  6. 6,0 6,1 Will, Clifford M (August 1, 2010). „Fitzgerald–Lorentz contraction“. Grolier Multimedia Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 2013-01-25. Посетено на 2010-08-01.
  7. 7,0 7,1 Einstein, Albert (November 28, 1919). „Time, Space, and Gravitation“. The Times.
  8. Feynman, Richard Phillips; Morínigo, Fernando B.; Wagner, William; Pines, David; Hatfield, Brian (2002). Feynman Lectures on Gravitation. West view Press. стр. 68. ISBN 0-8133-4038-1. Архивирано од изворникот на 2014-04-21. Посетено на 2014-08-06., Lecture 5
  9. Roberts, T; Schleif, S; Dlugosz, JM () (20 07). „What is the experimental basis of Special Relativity?“. Usenet Physics FAQ. University of California, Riverside. Посетено на 2010-10-31. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  10. Maxwell, James Clerk (1880), „On a Possible Mode of Detecting a Motion of the Solar System through the Luminiferous Ether“, Nature, 21: 314–315
  11. 11,0 11,1 Pais, Abraham (1982). "Subtle is the Lord ...": The Science and the Life of Albert Einstein (1. изд.). Oxford: Oxford Univ. Press. стр. 111–113. ISBN 0192806726.
  12. Michelson, Albert A. (1881). „The Relative Motion of the Earth and the Luminiferous Ether“. American Journal of Science. 22: 120–129.
  13. Michelson, Albert A. & Edward W. Morley (1887). „On the Relative Motion of the Earth and the Luminiferous Ether“. American Journal of Science. 34: 333–345. Text "Morley, Edward W. " ignored (help)
  14. Pais, Abraham (1982). "Subtle is the Lord ...": The Science and the Life of Albert Einstein (1. изд.). Oxford: Oxford Univ. Press. стр. 122. ISBN 0192806726.
  15. 15,0 15,1 15,2 Robertson, H.P. (July 1949). „Postulate versus Observation in the Special Theory of Relativity“. Reviews of Modern Physics. 21 (3): 378–382. Bibcode:1949RvMP...21..378R. doi:10.1103/RevModPhys.21.378.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 Taylor, Edwin F.; John Archibald Wheeler (1992). Spacetime physics: Introduction to Special Relativity (2. изд.). New York: W.H. Freeman. стр. 84–88. ISBN 0716723271.
  17. Kennedy, R. J; Thorndike, E. M. (1932). „Experimental Establishment of the Relativity of Time“. Physical Review. 42 (3): 400–418. Bibcode:1932PhRv...42..400K. doi:10.1103/PhysRev.42.400.
  18. Robertson, H.P. (July 1949). „Postulate versus Observation in the Special Theory of Relativity“. Reviews of Modern Physics. 21 (3): 381. Bibcode:1949RvMP...21..378R. doi:10.1103/revmodphys.21.378.
  19. Ives, H. E; Stilwell, G. R. (1938). „An experimental study of the rate of a moving atomic clock“. Journal of the Optical Society of America. 28 (7): 215. Bibcode:1938JOSA...28..215I. doi:10.1364/JOSA.28.000215.
  20. Ives, H. E; Stilwell, G. R. (1941). „An experimental study of the rate of a moving atomic clock. II“. Journal of the Optical Society of America. 31 (5): 369. Bibcode:1941JOSA...31..369I. doi:10.1364/JOSA.31.000369.
  21. Francis, S; B. Ramsey; S. Stein; Leitner, J; M. Moreau. J. M; Burns, R; Nelson, R. A; Bartholomew, T. R; Gifford, A. (2002). „Timekeeping and Time Dissemination in a Distributed Space-Based Clock Ensemble“ (PDF). Proceedings 34th Annual Precise Time and Time Interval (PTTI) Systems and Applications Meeting: 201–214. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-02-17. Посетено на 14 April 2013.CS1-одржување: display-автори (link)
  22. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-11-05. Посетено на 2014-08-06.