Реката Марумбиџи е главна притока на реката Мари која припаѓа на таканареченит слив на Мари и Дарлинг, и е втора по должина река во Австралија. Тече низ австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс и Австралиската Престолнинска Територија. Тече воглавно во насока запад-северозапад од подножјето на Пеперкорн Хил во Огнениот Венец на Снежните Планини до нејзиново влевање со реката Мари во близина на Граничниот Свиок .

Марумбиџи
Реката Марумбиџи кај Вага Вага
Марумбиџи е главна притока на реката Мари
ЕтимологијаАбориџински Вираџурски јазик: "голема вода"
Местоположба
CountryАвстралија
Држава/Територија
Физички особености
ИзворПеперкорн Хил
 • местоСнежни Планини, НЈВ
 • координати35°35′7″S 148°36′5″E / 35.58528° ЈГШ; 148.60139° ИГД / -35.58528; 148.60139
 • надм. вис.1,560 м (5,120 ст)
Устиесе влива во реката Мари
 • место
кај Бондари Бенд
 • координати
34°43′43″S 143°13′8″E / 34.72861° ЈГШ; 143.21889° ИГД / -34.72861; 143.21889
 • надм. вис.
55 м (180 ст)
Должина1,485 kм (923 ми)[1]
Големина на сливот84,917 km2 (32,787 ми)
Проток 
 • местоВага Вага[2]
 • просечен120 m3/s (4,200 cu ft/s)[2]
Проток 
 • местоНарандера
 • просечен105 m3/s (3,700 cu ft/s)
Проток 
 • местоБалнаралд
 • просечен27 m3/s (950 cu ft/s)
Особености на сливот
Речен сливМари, Мари Дарлингов слив
Притоки 
 • левиРека Гудгенби, Котер, Гудрадигби, Тумут
 • десниБредбо, Молонгло, Река Јас, Лахлан
[3][4]

На Вираџурски јазик (еден од месните јазици на Австралиските абориџини) зборот Марумбиџи или Марамбидја значи „голема вода“.[5] [6] [7]

Главниот тек на речниот систем изнесува 900 км.[8] Изворот на реката се наоѓа во подножјето на Пеперкорн Хилл кој е во рамките на Снежните Планини (кои пак се дел од Австралиските Алпи). Од изворот тече до вливот во реката Мари. Во својот тек поминува 66 км низ Австралиската Престолнинска Територија и покрај Канбера,[9] каде што во неа се влеваат реките Гуџенби, Квинбејан, Молонго и Реките Котер. Во Марумбиџи се влеваат голем дел од реките од јужниот дел на Нов Јужен Велс и сите реки од Австралиската Престолнинска Територија, и таа е важен извор на вода за наводнување за земјоделската област Риверина.

Во близина на изворот на реката Марумбиџи во 1960 година била изградена браната Тантагара, и оваа брана одзема голем дел од водата (речиси 50%) што се влева во Марумбиџи од пролетното топење на снегот затоа што 99% од водите на реката Марумбиџи во тој дел од реката се пренасочуваат во езерото Еукумбе. [10] [11] Ова лошо се одразува врз рибите и другиот жив свет во реката. Кога Марумбиџи влегува во Австралиската Престолнинска Територија количината на вода е практично половина од онаа што ја имала реката пред изградбата на браната.[11][12]

Една студија наведува дека дел од речното корито во горниот дел на реката е релативно нови во геолошка смисла, и датира од раниот миоцен (миоценската ера била од пред 23 до пред 5 милиони години). Се претпоставува дека Горниот Марумбиџи е анагранка на реката Тумут (која некогаш течела на север), а по геолошките издигнувања во близина на Адаминаби нејзиниот тек бил пренасочен. По Гундагаи, реките течат по првобитното корито.[13]

Истражување

уреди

Во 1820 година, истражувачот Чарлс Трозби го известил гувернерот на Нов Јужен Велс дека очекува да најде „голема солена река“, која што домородците ја нарекувале Мар-рам-биг-џи.[14] Реката до која наишол всушност била реката Молонло. Трозби стигнал до Марумбиџи во април 1821 година.[15]

Во 1823 година, Бригадниот мајор Џон Овенс и Капетанот Марк Кари стигнале до горниот тек на Марумбиџи додека вршеле истражување јужно од Езерото Џорџ.[16] Во 1829 година, Чарлс Стурт со својата група веслал по долниот на реката Марумбиџи. [17]

Областите по течението на Марумбиџи почнале да се населуваат во 1830-тите и наскоро станале важна земјоделска област.

 
Споменикот на Чарлс Стурт на Вага плажата во Вага Вага

Поплави

уреди
 
Реката Марумбиџи во големата поплава во декември 2010 година и маркер за поплави кој ја покажува висината на поплавите во 1974 година во Вага Вага

Водостојот на реката во Гундагаи надминал 7 метри девет пати во периодот помеѓу 1852 и 2010 година, во просек еднаш на секои единаесет години. Во 1974 година и во декември 2010 година водостојот на реката се искачил на 10,2 метри во близина на Гундагаи. [18] Во катастрофата од 1852 година, водостојот на реката се искачил на нешто повеќе од 12,2 метри, а следната година на нешто повеќе од 12,5 метри. Со Изградбата на браната Бурињук во 1907 година поплавите значително се намалиле, но сепак имало големи поплави во 1925, 1950, 1974 и 2012 година.[19] [20]

Најпозната е поплавата во 1852 година кога градот Гундагаи бил однесен и 89 луѓе (една третина од населението) загинале. Подоцна градот бил повторно изграден на повисоко место.[21]

Во 1925 година, загинале четири лица, а поплавите траеле осум дена. [22] [23] [24]

Мочуришта

уреди

Поголеми мочуришта долж Марумбиџи или поврзани со сливот на Марумбиџи се: [25]

  • Лоубидџи Блатото, 2000 квадратни километри помеѓу Мод и Балраналд
  • Мочуриштата во средината на Марумбиџи по течението на реката од Нарандера до Каратул
  • Мочуриштата Фајвбо и Такербил
  • Томнис Плејн
  • Микалонг мочуриште
  • Езерото Џорџ
  • Јаук
  • Црното Блато и Блатото Куперс
  • Големото Баџа Блато

Населени места

уреди

Слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Longest Rivers“. Geoscience Australia. Australian Government. September 2008. Посетено на 18 March 2017.
  2. 2,0 2,1 Green, D (2011). Water resources and management overview: Murrumbidgee catchment (PDF). NSW Office of Water. стр. 14. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-17. Посетено на 2021-12-28.
  3. „Our Catchment“. Murrumbidgee Catchment Management Authority. Government of New South Wales. 2013. Архивирано од изворникот на 27 January 2014. Посетено на 22 January 2013.
  4. „Map of Murrumbidgee River“. Bonzle.com. Посетено на 22 January 2013.
  5. „Marrambidya Wetland“. Visit Wagga (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-12-17. Посетено на 2021-12-17.
  6. Booth, Alison (2021-05-08). „An affecting tale of dispossession“. The Canberra Times (англиски). Посетено на 2021-12-17.
  7. Room, Adrian (2003). Placenames of the World. McFarland. стр. 246. ISBN 0-7864-1814-1.
  8. „Murrumbidgee River Catchment“. Catchment Case Studies. NSW Department of Environment and Conservation. 1995. Архивирано од изворникот на 19 April 2006. Посетено на 13 July 2006.
  9. „Interim recreation study for the natural areas of the ACT“ (PDF). ACT Government. April 2004. стр. 23. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 July 2008. Посетено на 8 June 2008.
  10. Lintermans, Mark. „The re-establishment of endangered Macquarie perch Macquaria australasica in the Queanbeyan River, New South Wales, with an examination of dietary overlap with alien trout“ (PDF). Environment ACT and Cooperative Research Centre for Freshwater Ecology. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 August 2008. Посетено на 8 June 2008.
  11. 11,0 11,1 "eflow panel 1997"
  12. Lintermans, Mark; Australian Capital Territory. Department of Urban Services; Cooperative Research Centre for Freshwater Ecology (Australia); Australian Capital Territory. Environment ACT (2000). The status of fish in the Australian Capital Territory : a review of current knowledge and management requirements. Environment ACT. ISBN 978-1-86331-473-2.
  13. Sharp, K. R. (2004). „Cenozoic volcanism, tectonism, and stream derangement in the Snowy Mountains and northern Monaro of New South Wales“. Australian Journal of Earth Sciences. 51: 67–83. doi:10.1046/j.1400-0952.2003.01045.x.
  14. Official Year Book of the Commonwealth of Australia, 1931 (ABS cat. no. 1301.0)
  15. Reed, A. W., Place-names of New South Wales: Their Origins and Meanings, (Reed: 1969).
  16. „Discovery of the Monaro“. Cooma-Monaro Shire Council. Архивирано од изворникот на 18 October 2015.
  17. Sturt, Charles (2004) [1833]. Two Expeditions into the Interior of Southern Australia (txt). Project Gutenberg EBook. Посетено на 2006-08-26.
  18. „Evacuation begins“. The Daily Advertiser. 5 December 2010. Посетено на 5 December 2010.
  19. Butcher, Cliff (2002). „Chapter 9 Floods“. Gundagai: A track winding back. Gundagai, NSW, Australia: A. C. Butcher. стр. 84–98. ISBN 0-9586200-0-8.
  20. „Murrumbidgee River & Floods“. Wagga Wagga City Council. Архивирано од изворникот на 2012-08-06. Посетено на 11 March 2012.
  21. „1852, June, Gundagai flood“. Emergency New South Wales. Ministry of Police and Emergency Services. Архивирано од изворникот на 27 March 2011. Посетено на 23 April 2013.
  22. „Disastrous Floods. – Many Families Homeless – Four Men Drowned“. The Argus. Melbourne. 29 May 1925. стр. 11. Посетено на 18 July 2014 – преку National Library of Australia.
  23. „HEAVY LOSSES AT GUNDAGAI“. The Argus. Melbourne. 29 May 1925. стр. 11. Посетено на 20 February 2016 – преку National Library of Australia.
  24. Australian Government Emergency Management database Архивирано на {{{2}}}.
  25. NSW Department of Natural Resources Murrumbidgee Region Архивирано на 23 февруари 2006 г.