Мари (река)

најдолга река во Австралија
35°33′32″S 138°52′48″E / 35.55889° ЈГШ; 138.88000° ИГД / -35.55889; 138.88000

Мари (англиски: Murray River или River Murray) — најдолга река во Австралија. Се протега 2.375 км[1] и извира во Австралиските Алпи и претежно тече во свиоци низ рамничарските делови во внатрешноста на земјата. Реката ја образува границата помеѓу сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија течејќи на северозапад, а во последните 500 км тече на југ во Јужна Австралија и завршува во езерото Александрина и океанот.

Мари
Murray River
Долното течение на Мари кај Мари Бриџ
Земја Австралија
Подрачје Нов Јужен велс, Викторија, Јужна Австралија
Притоки
 - леви Мита МИта, Киева, Овенс, Гулберн, Кампасп, Лодон
 - десни Свомпи Плејнс, Марамбиџи, Дарлинг
Извор Ковомбат Флет
 - место Австралиски Алпи, Нов Јужен Велс и Викторија
 - координати 36°47′46″S 148°11′40″E / 36.79611° ЈГШ; 148.19444° ИГД / -36.79611; 148.19444
Утока Јужен Океан
 - местоположба Гулва, Јужна Австралија
 - височина м
 - координати 35°33′32″S 138°52′48″E / 35.55889° ЈГШ; 138.88000° ИГД / -35.55889; 138.88000
Должина 2.375 км
Слив 1.061.469 км2
Истек
 - просечен 767 м3
Течението на Мари
Течението на Мари
Течението на Мари
На Ризницата: Мари

Тече низ неколку езера со колеблив степен на соленост како што се Александрина и Куронг, па кај Гулва се влева во Индискиот Океан (во земјата често наречен Јужен Океан). Иако реката знае да биде обемна, устието е релативно мало и плитко.

Речниот систем игра значајна улога во наводнувањето на обработливите површини по течението, кои имаат најголемо производство на земјоделски култури во земјата.

Географија

уреди

Мари сочинува дел од речниот систем Мари-Дарлинг долг 3750 км чиј слив ја опфаќа речиси сета копнена Викторија, Нов Јужен Велс и јужен Квинсленд — една седмина од копнената маса на Австралија. Во споредба со другите реки во светот со слични сливови, Мари има многу помала полноводност и се одликува со големи колебања во текот на годината.

Реката сочинува голем дел од границата помеѓу државите Викторија и Нов Јужен Велс. Самата граница лежи на јужниот брег, така што реката како таква не тече низ Викторија.[2]

Поважни населени места

уреди

По течението на Мари се расположени следниве населени места:

  • Олбери, NSW / Водонга: 82.083[3]
  • Ечука / Моама, НЈВ: 16.000
  • Свон Хил, Викторија: 9.700
  • Милдјура, Викторија: 32.000
  • Ренмарк, Јужна Австралија: 8.000
  • Мари Бриџ, Јужна Австралија: 20.500

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „(Australia's) Longest Rivers“. Geoscience Australia. 18 ноември 2010. Посетено на 2 јули 2012.
  2. New South Wales Land and Property Information/Victoria Natural Resources and Environment (1993), "Guidelines for the Determination of the State Border between New South Wales and Victoria along the Murray River" (PDF)
  3. Австралиско биро за статистика (31 October 2012). „Albury – Wodonga“. Кус преглед на статистичките податоци за 2011 г. Посетено на 13 февруари 2013.
  • Mackay, Norman (1990). The Murray. Canberra: Murray-Darling Basin Commission. ISBN 1-875209-05-0. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  • Berndt, Ronald M. & Catherine H. (1993). A World That Was: The Yaraldi of the Murray River and the Lakes, South Australia. Vancouver, Canada: UBC Press. ISBN 0-7748-0478-5.

Надворешни врски

уреди