Реблинген ам Зе
Реблинген ам Зе (германски: Röblingen am See) — село и поранешна општина во округот Мансфелд-Зидхарц, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од општината Зегебит Мансфелдер Ланд, кој е административен центар.
Реблинген ам Зе | |
Место во Зегебит Мансфелдер Ланд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Мансфелд-Зидхарц |
Општина | Зегебит Мансфелдер Ланд |
Основни податоци | |
Површина | 14 км2 |
Надм. височина | 109 м |
Население | 3.059 (31 декември 2006) |
- Густина | 219 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MSH |
Пошт. бр. | 06317 |
Повик. бр. | 034774 |
Координати | 51°27′0″N 11°40′0″E / 51.45000° СГШ; 11.66667° ИГД |
Географија
уредиРеблинген ам Зе се наоѓа околу 12 километри југоисточно од Ајслебен. Составен е од три села:
- Ноје Зидлунг
- Обереблинген
- Унтереблинген
Историја
уредиРеблинген бил првпат спомнат со другите три села како Rebiningi документ на манастирот Херсфелд, кој бил создаден помеѓу 881 и 899. Во 932, Реблинген бил повторно спомнат во документ од опатијата Херсфелд како Seorebiningen in Comitati Sigfridi. Подоцнежниот датум бил користен за 1075-годишнината во 2007.
Политика
уредиГрадоначалник
уредиЈирген Лудвиг бил избран како почесен градоначалник на 18 мај 2003.
Грб
уредиБлазонирање: „Поделен на сино и златно, во горниот дел има сребрен брод со сребрен рибар, кој уловил сребрена риба на јадицата, долу има црн габран кој стои со златен прстен во сребрениот клун.“
Знаме
уредиЗнамето на општината има хоризонтални црни и жолти ленти, со грбот на средината.
Култура и знаменитости
уредиРеблинген има протестантска црква, Свети Стефан.
Во лето секоја година се одржува фестивалот Fest am salzigen See (Фестивал на соленото езеро).
Инфраструктура
уредиСојузниот автопат Б80 поминува 3 километри северно од Реблинген, поврзувајќи го Ајслебен со Хале (Зале). Реблинген има железничка станица.
Литература
уреди- Willi Ule: Die Mansfelder Seen und die Vorgänge an denselben im Jahre 1892. erschienen 1895, eine neue Auflage erschien im Dingsda-Verlag, Querfurt 1994, ISBN 3-928498-29-0
Надворешни врски
уреди- Страница на Реблинген Архивирано на 24 септември 2008 г. (германски)
Оваа статија за место во округот Мансфелд-Јужен Харц е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |