Рајски денови (филм од 1978)

Рајски денови (англиски: Days of Heaven) - американски филм од 1978 година, во режија на Теренс Малик, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Ричард Гир, Сем Шепард, Брук Адамс, Линда Манз, итн. Првобитно, главната улога требало да ја игра Џон Траволта. Филмот бил награден со „Оскар“ за кинематографија (Нестор Алмендрос), а бил номиниран и во категориите за костум, звук и музика (Енио Мориконе). Ко-снимателот бил познатиот Хаскел Векслер, кој на одјавната шпица бил потпишан само како помошник на снимателот Алмендрос. По снимањето на овој филм, Малик потполно се повлекол од снимањето филмови, правејќи пауза од дури 25 години.[1]

Содржина уреди

Во 1916 година, работникот Бил (го игра Гир), неговата девојка Аби (ја игра Адамс) и нејзината малолетна сестра Линда (ја игра Манз) доаѓаат во Тексас, каде работат на имотот на еден богат фармер (го игра Шепард). Случајно, Бил дознава дека фармерот е болен и дека му останува малку време до смртта. Затоа, тој ја наговара својата девојка да се омажи за фармерот, со намера да почекаат тој да умре и така да се спасат од сиромаштијата. Но, по свадбата, здравјето на фармерот е стабилно и Бил станува љубоморен, особено затоа што Аби се вљубува во својот маж. Бил ја напушта фармата, но потоа пак се враќа. Истовремено, имотот го напаѓа наезда на скакулци и фармерот предизвикува пожар во житното поле. Најпосле, во самоодбрана, Бил го убива фармерот и, заедно со девојката и нејзината сестра, бега од фармата, но полицијата го наоѓа и го убива. Тогаш, Аби ја остава својата сестра во женско училиште и си заминува, но подоцна Линда бега од интернатот.[2]

Наводи уреди