Рафаел Сабатини (Јези, 29 април 1875Аделбоден, 13 февруари 1950) бил англо-италијански писател, најпознат како автор на авантуристички романи,[1] од кои многу се прилагодени во престижните холивудски филмови.

Рафаел Сабатини
Роден/а29 април 1875(1875-04-29)
Јези, Италија
Починат/а13 февруари 1950(1950-02-13) (возр. 74)
Аделбоден, Швајцарија
Занимањеписател
Националноститалијанско, англиско
Значајни делаКрвав капетан

Животопис

уреди

Роден е во Јези, во семејство на италијански оперски пејач и англиска оперска пејачка[1] Во текот на детството живеел во голем број на држави, од Португалијадо Швајцарија, додека не се населил кај дедо му во Англија. Дотогаш, тој совршено владеел шест јазици, а подоцна тврдел дека англискиот јазик е јазик на кој се напишани сите најдобри приказни.

По краток обид за бизнис кариера, како млад човек, тој се посветил на пишувањето, почнувајќи со раскази во 1890 година, а подоцна и со романи. Меѓутоа, требало речиси една четвртина од век пред да постигне комерцијален успех со своите авантуристички романи од 1920-тите. Во меѓувреме се оженил за Рут Год Диксон, ќерка на богат ливерпулски трговец. Во 1927 година неговиот син Рафаел-Анѓело загинал во сообраќајна несреќа. Од сопругата се развела во 1931 година, а четири години подоцна во 1935 година се оженил повторно за Кристин Род, сестра на својата поранешна сопруга.

Литература

уреди
  • Knight, Jesse F.; Darley, Stephen (2010). The Last of the Great Swashbucklers: A Bio-Bibliography of Rafael Sabatini. New Castle, DE: Oak Knoll. ISBN 978-1-58456-279-5.

Надворешни врски

уреди
  1. 1,0 1,1 „Sabatini, Rafael“. Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/37926.CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)